Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

„Филип Втори“, ќе оперира но ќе го намали бројот на операции

Елена Ацевска Коментари (1)   
09.03.2010 15:06
Жан Митрев
 

Филип Втори ќе продолжи да оперира, но ќе го намали бројот на операции. Ваквата одлука е поради скратениот буџет од фондот за годинава за 100 милиони денари помалку во однос на лани.

Од кардиохирургија велат дека со ова се принудени да се преполоват операциите наместо 10 дневно како што беше досега ќе се оперираат само 5 пациенти.

„Нормално е дека со појавувањето на драстична редукција на буџетот дека ќе се јават проблемите меѓутоа не ги правам јас проблемите. Проблемите се и ќе бидат на пациентите бидејќи тие пациенти минатата година беа комплетно згрижени и фала богу немаше ни еден проблем“, вели Жан Митрев.

Денеска фондот за здравство и Филип Втори потпиша анекс договор за исплата на првите три месеци од годинава. Од фондот признаваат дека буџетот на Филип Втори е намален од претходната година.

„Единствена кардиохируршка болница во Македонија е Филип Втори. Нема конкуренција и нема кој друг да ги третира пациентите во Македонија“, изјави Дејан Гацов.

Фондот најави дека ќе се формира комисија од 5 кардиолози. По пример на некои европски земји ќе прават контроли дали пациентот треба да прави операција на срце или проблемот може да се реши со помала интервенција со ставање стент.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• „Филип Втори“ прекина со операции [08.03.2010]
• Доцни исплатата на социјалната помош [08.03.2010]
• Османи: Клуч за неисправните породилишта [05.03.2010]
• Поскапуваат лековите за болните од остеопороза [05.03.2010]
• Операцијата упсешна - пациентот мртов! [04.03.2010]

  Најнови вести од Македонија 
• Момче се удави во водите на Охридското Езеро [31.07.2010]
• Рамковски: Албанците да престанат да бидат декор на политичката сцена [31.07.2010]
• Тепачка на скопскиот базен „Бисер“ [31.07.2010]
• Заврши натпреварувачкиот дел на фестивалот на Античка драма - Стоби [31.07.2010]
• Охридските бродови револтирани од пратениците [31.07.2010]
• Струмица без пречистителна станица [31.07.2010]
• Основан е Национален ургентен центар за траума [31.07.2010]
• „Ќе се фокусираме на работи кои од Брисел се оценети како слабост“ [31.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  9. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  10. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  8. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk