Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Вателе: Не барајте азил, потребни се инвестиции

Наим Вренези Коментари (3)   
09.03.2010 11:46
Мелкор Вателе
 

Белгиската делегација во обиколка на липковско. Од прва рака се запознаа со економската состојбата во општината. Признаа животот бил тежок, но повторија ние не можеме да ви помогнеме.

Државниот секретар за имиграција и азил на Белгија, Мелкор Вателе му порача на градоначалникот Садула Дураку неговите граѓани спасот да го бараат во нови инвестиции, не во Белгија.

„Морам да бидам јасен, не постои никаква за азил базиран на економски причини, нема никаква надеж за тоа. Сакавме да бидеме овде и да ја видиме состојбата и таа не е лесна но жителите од овој крај треба да знаат дека со доаѓање во Белгија нема да добијат ниту работа ниту станови, тие ќе бидат само жртви ќе инвестираат пари но нема да имаат никаква полза и ќе треба да се вратат повторно во Македонија“, изјави Мелкор Вателе, државен секретар за имиграција и азил на Белгија.

Дураку му се пожали, никој никогаш не инвестирал во липковско, имал развојни проекти, но наместо нив Владата поддржува културни проекти во главниот град вредни цели 200 милиони евра.

„Го запознав државниот секретар на Белгија со состојбите во општина Липково, која е најнеразвиена во Македонија. Го запознав со фактот дека ниту една влада на Македонија не инвестирала кај нас, ни останува со надеж дека и владата на Македонија ќе се освести но и Европската Унија ќе ја помогне нашата општина“, рече Садула Дураку, градоначалник на Липково.

„Ние како влада исто така сме подготвени некои од тие проекти да ги поддржиме во рамките на овој буџет што го имаме и се надевам дека во соработка со другите институции и општината ќе успееме да инвестираме во неколку проекти“, вели Адбулаќим Адеми, потпретседател на Владата.

Белгијците ја посетија и прешевската долина, од каде исто така има голем број баратели на азил. Азилантите причина белгискиот премиер Ив Летерм да го посети и Скопје. Ова е мал инцидент во нашите одлични билатерални односи му изјави Летерм на Груевски, на средбата одржана доцна синоќа.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Летерм загрижен од бранот азиланти од Македонија [08.03.2010]
• Новинарските извештаи патуваат за Брисел [08.03.2010]
• Визната либерализација не смее да се злоупотребува [08.03.2010]
• Бранот азиланти голем чекор назад за Македонија [08.03.2010]
• Од Липково во Белгија- за подобар живот [05.03.2010]

  Дополнителни информации 
• МНР: Правила за престој во шенген зоната [23.12.2009]

  Најнови вести од Македонија 
• Момче се удави во водите на Охридското Езеро [31.07.2010]
• Рамковски: Албанците да престанат да бидат декор на политичката сцена [31.07.2010]
• Тепачка на скопскиот базен „Бисер“ [31.07.2010]
• Заврши натпреварувачкиот дел на фестивалот на Античка драма - Стоби [31.07.2010]
• Охридските бродови револтирани од пратениците [31.07.2010]
• Струмица без пречистителна станица [31.07.2010]
• Основан е Национален ургентен центар за траума [31.07.2010]
• „Ќе се фокусираме на работи кои од Брисел се оценети како слабост“ [31.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  9. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  10. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  8. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk