Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Летерм загрижен од бранот азиланти од Македонија

Наим Вренези Коментари (5)   
08.03.2010 23:09
 
 

Нема никакви шанси за добивање на политички азил од економски причини изјави белгискиот премиер Ив Летерм по средбата со премиерот Груевски.

Ова е еден мал инцидент во нашите одлични билатерални односи кој со заеднички напори ќе го одминеме во наредните недели и денови нагласи белгискиот премиер.

Груевски гарантира дека владата ќе ги преземе сите мерки да го спречи овој проблем. Утре белгиските претставници ќе го посетат липковскиот регион.

„Знаете моја земја се соочи со значителен прилив на баратели на азил особено од липковскиот и кумановскиот регион кој што бараат политички азил. Ги поздравуваме напорите на македонските власти за справување со ваквата ситуација. Мојата порака е дека информациите кој што се шират во северните делови од оваа земја за белгиската миграциона политика се целосно неточни. Мојата земја не дава политички азил на економски бегалци па затоа нема никаква смисла да се патува од Македонија во Белгија, за да се бара статус на политички бегалец“, вели Ив Летерм.

„Владата исто така преку своите министри настапи во медиумите, објаснувајќи вредностите но и обврските од визната либерализација како и тоа дека визната либерализација не значи добивање на азил, така што министрите, потпретседателите на влади беа постојано во јавните гласила во печатени, електронските медиуми и речиси секојдневно во изминатите две недели ги објаснуваа и испраќаа пораки до оние граѓани кои што очигледно на некој начин биле изманипулирани од некого, да престанат да го прават тоа бидејќи ќе си потрошат дел од средствата патувајќи натаму-наваму, а нема да ја постигнат целта“, рече Никола Груевски.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Новинарските извештаи патуваат за Брисел [08.03.2010]
• Визната либерализација не смее да се злоупотребува [08.03.2010]
• Бранот азиланти голем чекор назад за Македонија [08.03.2010]
• Од Липково во Белгија- за подобар живот [05.03.2010]
• Само 6,6 % отпатувале во ЕУ [05.03.2010]

  Дополнителни информации 
• МНР: Правила за престој во шенген зоната [23.12.2009]

  Најнови вести од Македонија 
• Момче се удави во водите на Охридското Езеро [31.07.2010]
• Рамковски: Албанците да престанат да бидат декор на политичката сцена [31.07.2010]
• Тепачка на скопскиот базен „Бисер“ [31.07.2010]
• Заврши натпреварувачкиот дел на фестивалот на Античка драма - Стоби [31.07.2010]
• Охридските бродови револтирани од пратениците [31.07.2010]
• Струмица без пречистителна станица [31.07.2010]
• Основан е Национален ургентен центар за траума [31.07.2010]
• „Ќе се фокусираме на работи кои од Брисел се оценети како слабост“ [31.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  3. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  9. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  10. Отфрлена интерпелацијата за министерката Јанкуловска
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  8. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk