Снегот го парализираше целиот сообраќај
08.03.2010 20:15
Снегот кој што ја зафати Македонија буквално го парализираше сообраќајот во целата земја. Отежнат сообраќај бидејќи овој снег врне повеќе од 12 часа. Ситуацијата може да стане уште по драматична особено во охридскиот и струшкиот регион бидејќи таму се уште е критично што се однесува до поплавите. Кај Ѓавато и Пресека како и спрема граничниот премин Деве Баир и Ќафасан, каде што не е дозволено возење на тешки товарни возила. Останува за сите оние кои ги користат овие патишта, користење на зимската опрема. Повеќе од 12 часа врне снег буквално во цела Македонија. Кога се очекува да престанат овие врнежи, бидејќи најавите се дека во текот на целата недела ќе има врнежи од снег па можеби и дожд? - Па ќе имаме нов бран што ќе ни дојде задутре, односно во среда. Врнежите кои што ги имаме во моментот, полека ќе се селат кон исток па интензитетот на врнежите од снег во Охрид ќе намалува, но сепак во јужниот дел на нашата земја денес имавме многу снег. - Една од мерните точки која што се наоѓа на самиот југ на нашата земја на Кожув планина забележа 30 сантиметри нов снег. Оној снег во пониските региони е доста мокар и има доста воден еквивалент, па ќе направи одредени проблеми кога ќе почне да се топи. Остатокот од разговорот погледнете го во видеото.
|