Нови проекции за македонската економија
08.03.2010 19:52
 | | Никола Груевски | | | |
Економијата нема да расте, дефицитот на тековната сметка ќе се намалува. Со ваква проекција за македонската економија денеска излезе реномираната американска бонитетна куќа „Дан Анд Бредстрит“. Македонија годинава ќе има умерено ризична економија се наведува во извештајот каде клучната препорака се однесува на фиксниот девизен курс кој е посочен како една од причините што ќе ја ослабнува флексибилноста на домашната економија односно нејзината способност да се прилагоди на надворешните шокови. Токму поради се уште постоечките ризици владата донесе и четврт пакет анткикризни мерки што треба да ја подобрат позицијата на македонското стопанство. „Ќе имаат свое влијание како пакет со претходните антикризни мерки, трите пакети и повеќе други мерки кои во меѓувреме беа преземани. Сите заедно ќе си дадат свое влијание и ќе помогнат во овој кризен период во целиот свет“, вели Никола Груевски, претседател на владата. Во меѓувреме бизнис секторот се подели. Додека големите компании повеќе се најдоа во антикризните мерки помалите фирми со сериозни забелешки. Стопанствениците критикуваат дека владата паралелно со носењето антикризни мерки влече пари од стопанството преку аукција на записи. „Имаме конкуренција до пред некое време имавме голема конкуренција од благајничките записи и од другите аукции на можности за кредитирање, каде што директно влијаеше на исцрпување на парите за бизнисот“, изјави Миле Бошков, конфедерација на работодавачи на РМ. Колку антикризните мерки ќе помогнат допрва ќе се пресметува. Владата за годинава проектираше раст на економијата од 2 проценти. Освен денешниот извештај со прогнози за нулта стапка раст веќе излезе и виенскиот економски институт. Сепак американската бонитетна куќа се смета дека зголемувањето на индустриското производство дава знаци дека македонската економија излегува од рецесија.
|