Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Економија  

Експертите сметаат - мерките на Владата се пасивни

Александар Момировски Коментари (0)   
07.03.2010 18:11
Леонид Наков
 

Општи и пасивни, мерки кои не навлегуваат во сржта туку само површно се занимаваат со проблемите на стопанството. Експертите го критикуваат новиот антикризен пакет на Владата.

„Претпријатијата кои не остваруваат позитивен финансиски резултат нема да имаат основа на која ќе плаќаат ДДВ. Оттаму ,многу е значајно да се створат претпоставки од страна на државата, ама тука државата мора со активни мерки, ова се пасивни нејзини мерки и неможе да ја постигне целта бидејќи не го таргетираат средишното прашање, значи како работната сила во овие секторски ориентирани сегменти на македонската економија да се задржи на работа“, вели Леонид Наков, универзитетски професор.

Залудни се мерки на хартија кога на терен институциите го блокираат приватниот сектор.

„Владата нели однесе одлука за нови кредитни линии, меѓутоа во процесот на реализација стопанствениците наидуваат на сериозни проблеми кои што неможат да ги решат, неможат да се надминат, затоа што се строги банкарските услуги и едноставно претпријатијата, голем дел од нив, поготово малите претпријатија и новите претпријатија неможе да обезбедат гаранции, хипотека, и затоа не ги добиваат кредитите“, рече Марија Зарезанкова Потевска, универзитетски професор.

Бизнисмените ги поздравуваат напорите но бараат власта во иднина да остава повеќе пари за стопанството и конечно конечно да расчисти со неефикасната администрација.

Марија Зарезанкова Потевска
 

„Администрацијата која е бавна, односно од третиот ешалон па натаму можеме да кажеме дека навлегуваме веќе во несакана фаза, коруптивна, меѓутоа тоа веќе неможе да се контролира“, рече Миле Бошков, конфедерација на работодавачи.

Антикризните мерки и денеска тема на политичките партии. ЛДП бара државата да ги враќа долговите на фирмите.

„Треба да се донесе закон за нулта толеранција на долгувањата на јавниот сектор кон приватниот сектор“, изјави Јован Манасиевски-ЛДП.

ВМРО-ДПМНЕ ја пофали Владата за мерките, но за долговите кон фирмите не сакаше да коментира.

„За ова ќе имаме посебен друг став, бидејќи ова е тематска прес-конференција и се однесува за антикризните мерки“, вели Елизабета Чингаровска, ВМРО-ДПМНЕ.

Владата вчера донесе 20-тина антикризни мерки што треба да го стимулираат стопанството во време на криза која на терен и натаму е разорна особено за приватниот сектор.

Едни се спасија, други пропаднаа. Директно погодени од ударите на кризата фирмите од приватниот сектор се снаоѓаат како знаат за да го истуркаат месецот. Состојбата е различна кај компаниите под капа на државата. Дел од нив и натаму тонат во долгови, но спокојно, бидејќи нивниот опстанок им го гарантира државниот буџет.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• СДСМ: Новите мерки се само спектакл [06.03.2010]
• Нов пакет антикризни мерки [06.03.2010]
• Владата со нов пакет антикризни мерки [05.03.2010]
• Што работат економските промотори? [04.03.2010]
• Грчката криза ги менува макроекономските проекции во Македонија [03.03.2010]

  Најнови вести од Економија 
• Нов септемвриски бран поскапувања [02.09.2010]
• Бирократскиот хаос ги брка инвеститорите [02.09.2010]
• Протест на работниците во Македонски железници - транспорт [01.09.2010]
• Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија? [01.09.2010]
• Синдикалната битка спуштена на најниско ниво [01.09.2010]
• Угостителските објекти со пократко работно време [01.09.2010]
• Во светот инвестиција, во Македонија само накит [31.08.2010]
• Работното време на угостителските објекти се скратува за еден час [31.08.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Време
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk