Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Економија  

Црвенковски во посета на текстилците во Кочани

Виолета Кожинкова Коментари (3)   
06.03.2010 19:23

Лидерот на опозицијата, Бранко Црвенковски во посета на текстилците во Кочани. Освен на кризата и полните магацини, текстилците му се пожалија за високите давачки кон државата.

„Единствено решение кое може да ни помогне во моментот е помошта на државата во насока на намалување на давачките по сите основи кон неа“, рече Благој Ситниковски, „Голден текс“-Кочани.

Црвенковски ја обвини Владата за лошата состојба во текстилството, и праша зошто текстилците не добија државни субвенции за излез од кризата како што побараа лани.

„Владата тоа барање го одби со образложение дека пари за такво нешто во буџетот нема. Во исто време во јавниот сектор за овие 4 години се вработија нови 30.000 луѓе. И на крај Владата промовира и веќе почна да реализира проект „Скопје 2014“ што ќе чини 200 милиони евра. Проекти за кои има пари“, рече Црвенковски.

Првиот опозиционер се сретна со неколку отпуштени текстилни работнички кои поради кризата, веќе една година наместо на машина седат дома, а некои од нив останале без ништо за ди си го платат лекувањето.

„Си ги продадовме нивите да купиме лекови. Имам две деца прва и втора година, а немаме веќе што да продаваме“,се пожали Соња Минова, поранешна текстилна работничка.

Црвенковски ја повика Владата да престане со неодговорното трошење на народни пари и наместо кон статистика и споменици да се сврти кон реалните луѓе.

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ

На посетата на Црвенковски на текстилците реагираше владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, на лидерот на СДСМ не му е местото меѓу текстилните работници, бидејќи тој бил главниот виновник за уништувањето на оваа индустрикска гранка во земјава.

„Неприфатливо е со монтирани и селективно избрани посети да се создава впечаток за невиноста на Бранко Црвенковски. Во времето на владеењето на Бранко Црвенковски и СДСМ, беа отпуштени 198 илјади и 364 работници од своите работни места, беше уништена текстилната индустрија“, изјави Александар Бичиклиски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Текстилни работнички со над 35 години стаж ќе бараат пензија [01.03.2010]
• 257 текстилни работници без право за социјално осигурување [05.01.2010]
• Мизерни плати - експлоатација како во раниот капитализам [29.12.2009]
• 1.000 текстилци од Прилеп ќе останат без работа? [05.11.2009]
• Текстилците бараат помош од државата [15.08.2009]

  Најнови вести од Економија 
• Нов септемвриски бран поскапувања [02.09.2010]
• Бирократскиот хаос ги брка инвеститорите [02.09.2010]
• Протест на работниците во Македонски железници - транспорт [01.09.2010]
• Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија? [01.09.2010]
• Синдикалната битка спуштена на најниско ниво [01.09.2010]
• Угостителските објекти со пократко работно време [01.09.2010]
• Во светот инвестиција, во Македонија само накит [31.08.2010]
• Работното време на угостителските објекти се скратува за еден час [31.08.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Шпиц
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk