Нов пакет антикризни мерки
06.03.2010 16:47
 | | Никола Груевски | | | |
Фирмите ќе можат да откупуваат за 30 проценти поевтино градежно земјиште, ДДВ ќе се плаќа 10 дена подоцна во месецот, долж коридорите 8 и 10 ќе се нудат локации за изградба на нови бензински пумпи ресторани, мотели. Владата ги обелодени деталите од новиот пакет антикризни мерки. „Во овој пакет антикризни мерки можеби не се содржани спектакуларни мерки, но сигурен сум дека ова што се предлага во голема мерка ќе има позитивни ефекти“, рече премиерот Никола Груевски. Новиот антикризен пакет го сочинуваат 24 мерки. Еве дел од нив по сектори. Во градежништвото, освен поевтиното земјиште за фирмите, на 2 години се продолжува важноста на одобренијата за градба, се олеснува и процедурата за измена на деталниот урбанистички план. Во делот на кредитирањето се зголемуваат сумите што можат да ги подигнат малите фирми од Европската Инвестициска банка, Владата воведува и нова кредитна линија од Македонска Банка за поддршка на развојот тешка 15 милиони евра.  | | Владимир Пешевски | | | |
Во даночната сфера се интервенира кај наплатата на ДДВ, а се олеснува и регистрацијата на фирмите. Во земјоделството се олеснуваат критериумите за доделување грантови од ИПАРД, ќе се формира фонд за невработените земјоделци по руралните средини полесно да доаѓаат до земјиште и механизација. „Агенцијата за странски инвестиции која што сега ќе биде Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот. Со тоа се креира законска рамка, да во идниот период покрај промоција на инвестициите во Македонија, ќе се врши и промоција на македонските производи, односно промоција на извозот“, вели Владимир Пешевски, вицепремиер за економски прашања. Ова е четврти пакет на антикризни мерки и според Владата нема да има сериозни импликации врз буџетот. Додека делови од светот почнаа да излегуваат од кризата во Македонија движењата и натаму се негативни. Новиот пакет мерки на Владата се носи во време кога се уште ги нема инвеститорите, индустриското производство се намалува, трговската размена со странство паѓа. И бизнисмените веќе најавија дека не очекуваат драстични промени во економијата. „Ништо спектакуларно со овие мерки нема да се случи, но и не треба да се случи, ниту пак може во економијата да се случи“, рече Мирче Чекреџи, сојуз на стопански комори. Кризата во Македонија дополнително може да ја искомплицира и состојбата во Грција.
| 1. | Besim од Tetovo на 07.03.2010 во 12:01 напиша: |
| Neka kazat kolku rusfet ke Treba da I'm se dade za sekoja zavrsena rabota |
| |
|