Никој точно не знае како изгледал Филип Втори
05.03.2010 19:37
Власта лесно може да манипулира со ликот на македонскиот војсководец Филип Втори, во зависност од ставот на меѓународната заедница. Историчарите тврдат дека никој точно не може да каже како изгледал кралот Филип, па оттаму, на плоштадот Автокоманда многу лесно може да биде поставен споменикот на Филип Македонски што го сними екипата на А1, а под него да пишува - коњаник. „Што се однесува до изгледот на Филип, досега не е најден ни еден портрет во класична смисла на зборот, а од сите скулптури кои му биле поставувани не е ништо зачувано“, изјави Наде Проева, проф. д-р по античка историја. И покрај тоа што од општината Гази Баба и авторката Валентина Стевановска велат дека на постаментот на плоштадот во Автокоманда ќе биде поставена статуа на коњаник, жителите на оваа населба очекуваат да го видат македонскиот крал - бидејќи така им било кажано. „Кога го правеа овој споменикот, кога го бетонираа ни велеа дека или Александар или Филип ќе стои овде“ вели граѓанин. „Кога имаше прослава кажуваа дека за Филип ќе биде“ рече граѓанин. Меѓународните претставници во земјава неколкупати апелираа дека Владата треба да се воздржи од сите одлуки што би му пречеле на процесот на евроинтеграциите, па можеби оттаму под превезот на тајноста се лијат спомениците на Филип Втори и на неговиот син Александар Македонски. Власта одбива да каже дали станува за збор за притисок на меѓународната заедница или пак едноставно одлучила, дека на ова место треба да има статуа која што личи на македонскиот војсководец но ќе биде именувана како коњаник.
| 1. | DR DUSAN од PRAGA на 05.03.2010 во 23:28 напиша: |
| Koj mozi takva glupost da kazi!Pa neli se najdeni eden kup moneti so negoviot lik. |
| |
| 2. | Arian од germania на 07.03.2010 во 12:27 напиша: |
| pa vie nemate nisto....nemate historia nemate nisto..... |
| |
| 3. | Ljupcho од Skopje на 09.03.2010 во 12:07 напиша: |
| Ako nekoj saka da doznae kako izgledal Filip II soglasno tvrdenjeto na Angliskite Antoplozi neka mi prati mail bidejkji slikata ne mozhno da ja objavam |
| |
|