Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Економија  

Одрон се заканува на патот кај Сопиште

Наташа Стојановска Коментари (1)   
05.03.2010 19:06
 
 

Ова е слика од македонските патишта. Овој пат, лоциран во Сопиште е под закана да биде однесен од свлечиштето што тлее со години. Општинските власти се обратиле до надлежната агенција за државни патишта.

Нејасно е дали агенцијата повеќе од една година нема доволно пари или пак овој пат не е во нејзината приоритетна листа за да го санира. Можеби овој пат не води до некоја битна политичка фигура во општеството, но низ него минуваат илјадници луѓе чии животи се загрозени.

Од агенцијата се правдаат патот е скениран и опасност нема. Градежните работи ќе почнеле во јуни но, токму овие примери каде се одолговлекува санацијата, се опасност и при нормални врнежи тие да се активираат.

„Долги времиња овие места кои што се евидентирани, не се преземаат мерки да се санираат или да се обезбедат или да се направат технички решенија за да не постојат. Последица на оваа работа е и лошото одржување, не може цел труп на пат да оди ако е добро одржана“, вели Вулнет Палоши.

Овој знак и столбчиња - ги предупредаат минувачите дека теренот не е безбеден.

„Никој не интервенира да ги поправи тие места. Логично е дека тие знаци треба да бидат времени. Институциите што треба да ги прават, малце даваат важност на оваа работа и се амнестираат со самото тоа дека е поставен знакот опасност од одрон и мислат дека нивната одговорност веќе е прејдена на самиот возач“, додаде Вулнет Палоши.

Одрони, свлечишта, пропаднати патишта. Патот Битола-Ресен е во прекин. Надлежните се правдаат со факторот природа, познавачите одговорност лоцираат и кај институциите во делот на одржување и градење на патиштата.

Велат со природата не може да се оправда се, а пример за тоа е и патот во Сопиште што долго е познат како жариште, а не е саниран.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Од „Македонија пат“ гарантираат безбедност на стариот пат кај Ѓавато [05.03.2010]
• Претседателот Иванов во посета на погодените подрачја [04.03.2010]
• Нов одрон кај превојот Ѓавато [04.03.2010]
• Расцепен патот Битола-Ресен [21.02.2010]
• Јанакиески: Состојбата со одроните внимателно се следи [20.02.2010]

  Најнови вести од Економија 
• Нов септемвриски бран поскапувања [02.09.2010]
• Бирократскиот хаос ги брка инвеститорите [02.09.2010]
• Протест на работниците во Македонски железници - транспорт [01.09.2010]
• Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија? [01.09.2010]
• Синдикалната битка спуштена на најниско ниво [01.09.2010]
• Угостителските објекти со пократко работно време [01.09.2010]
• Во светот инвестиција, во Македонија само накит [31.08.2010]
• Работното време на угостителските објекти се скратува за еден час [31.08.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Шпиц
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk