Владата со нов пакет антикризни мерки
05.03.2010 16:15
 | | Мирче Чекреџи | | | |
20-тина нови антикризни мерки ќе им понуди владата на стопанствениците. Новиот пакет ќе биде усвоен доцна вечерва на владина седница а ќе се обелодени утре, информира вицепремиерот за економски прашања Пешевски по денешната консултативна средба со стопанствениците. Тој нагласи дека дел од прифатените мерки се предлози на бизнис заедницата, а дел на министерствата. Бизнисмените не очекуваат драстични промени во економијата по донесувањето на новиот четврти по ред пакет антикризни мерки. „Ништо спектакуларно со овие мерки нема да се случи но и не треба да се случи, ниту може во економијата да се случи нешто спектакуларно, но сите мерки што ги чувме денеска се во правец на подобрување на бизнис амбиентот. Тоа се поединечни мерки од земјоделие, од градежништво, туризам, трговија итн“, изјави Мирче Чекреџи, Сојуз на стопански комори.
|