Чиле уште се тресе, нов земјотрес од 6.3 степени
05.03.2010 10:45
Нов силен земјотрес со јачина од 6.3 степени според Рихтеровата скала изутрината е регистриран во Чиле, јавија агенциите. Претставници на локалната власт соопштија дека засега немаат информации за оштетувања, но земјотресот предизвикал паника и страв кај населението кои пред една недела беа погодени од разорен земјотрес со 8.8 степени според Рихтер. Епицентарот на последниот земјотрес бил регистриран на 105 километри североисточно од градот Калама. Според пацифичкиот центар за цунами не постои опасност последниот потрес да предизвика голем бран. Минатата сабота катаклизмичен земјотрес со јачина од 8.8 степени според Рихтер го погоди крајбрежјето на Чиле во близина на градот Консепсион притоа убивајќи над 700 луѓе, а разрушени останаа повеќе градови во оваа латиноамериканска држава. Copyright 2010 makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
|