Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Економија  

Знамето на ЕУ гореше во Атина

Александра Игњатова Коментари (5)   
05.03.2010 07:56
 
 

Знамето на Европската Унија синоќа гореше низ улиците на Атина. Гневни што товарот за излегување од должничката криза ќе падне на нивниот грб, Грците излегоа на улиците, некои носејќи ги и децата.

Намалувањето на платите и зголемувањето на даноците натераа некои од нив да се судрат со полицијата. Демонстрантите кои вчера го окупираа министерството за финансии вечерта се судрија со безбедносните сили, толпата почнала да гаѓа со камења, на што полицијата возврати со солзавец и со шок-гранати.

Со безбол палки се кршеле автобуски постројки и влезови на банки. Нови протести се најавени и за денеска, кога парламентот треба да го одобри планот за затегнување на појасот. Нема да работат сите јавни служби, ќе биде прекинат и сообраќајот. Ќе протестира и приватниот сектор.

„Сите знаат кој треба да плаќа, но секогаш плаќаат само работниците“, изјави Никос Гиолус, протестант.

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу денеска заминува во клучна посета на Берлин. Германскиот канцелар Ангела Меркел деновиве изјави дека ги поддржува напорите на Грција за излез од кризата, но оти не планира доделување финансиска помош. Папандреу пак истакна дека Атина од Берлин ќе побара само политичка поддршка, но „ниту еден цент од парите на германските даночни обврзници“.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Грчките острови во замена за долгот [04.03.2010]
• Грците со донации ќе ја спасуваат земјата од криза [04.03.2010]
• За поткуп Грците потрошиле 790 милиони евра [03.03.2010]
• Кризна владина седница во Грција [03.03.2010]
• Оли Рен во Атина дочекан од демонстранти [02.03.2010]

  Најнови вести од Економија 
• Нов септемвриски бран поскапувања [02.09.2010]
• Бирократскиот хаос ги брка инвеститорите [02.09.2010]
• Протест на работниците во Македонски железници - транспорт [01.09.2010]
• Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија? [01.09.2010]
• Синдикалната битка спуштена на најниско ниво [01.09.2010]
• Угостителските објекти со пократко работно време [01.09.2010]
• Во светот инвестиција, во Македонија само накит [31.08.2010]
• Работното време на угостителските објекти се скратува за еден час [31.08.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk