Кабловските да престанат да манипулираат со корисниците
04.03.2010 15:21
Организацијата на потрошувачи бара кабелските оператори да престанат да манипулираат со корисниците во делот на програмската понуда и услугите. Велат дека на нивна адреса во континуитет стасуваат голем број жалби од граѓаните за неправилности. „Најчесто се однесуваат на пример на промена на самите пакети кои што претходно ги нуделе на потрошувачите, потоа ги менуваат, понатаму на квалитетот на самата услуга, значи некогаш потрошувачите се жалат дека во некој реон има прекини по долг период, не функционира кабелската телевизија, не е добра сликата, не е доволно јасна“, рече Татјана Тасевска, организација на потрошувачи на Македонија. Организацијата веќе ги алармирала пазарната инспекција и советот за радиодифузија дека операторите им ги кршат правата на потрошувачите и бара да се стави крај на проблемите. Граѓаните реагираат дека операторите им нудат содржини со слаб квалитет, ТВ канали без превод. Редовна појава се и програмите кои се емитуваат на диво, без платени авторски права, доказ за тоа се и овие инсерти направени од програмите на операторите во неколку градови низ државата вклучувајќи ја и метрополата. Се пуштаат ТВ канали кои се забранети за емитување. Советот за радиодифузија веќе констатираше дека постои хаос на пазарот на кабелски оператори. Според претседателот на Советот ваквата појава е резултат на очајничкиот обид на операторите со пиратерија да задржат што поголем број корисници во време кога на пазарот се појавија сериозни компании што нудат пакети со квалитетна програма и висока технологија.
| 1. | Никола од Велес на 04.03.2010 во 19:41 напиша: |
| Ова е се така само никако да слушнам име. Сите овие денови авторот точно ги констатира проблемите што ги прават одделни кабелски теелвизии. Ама тие имаат име, редно е да се напише. Телекабел во Велес така работи. |
| |
| 2. | pero од stip на 05.03.2010 во 16:23 напиша: |
| site operatori prenesuvaat (FTA) kanali t.e besplatni za koi ne plakaat avtorski prava 70% se takvi a naplakat po 500 den |
| |
|