Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Економија  

„Ќе се среди хаосот со кабелските оператори“

Александар Момировски Коментари (0)   
03.03.2010 18:25
Зоран Стефаноски
 

Хаос на пазарот на кабелски оператори има но се преземаат мерки да се средат состојбите вели за А1 претседателот на советот за радиодифузија Зоран Стефаноски.

Тврди дека кршењето на регулативата е очајнички обид на кабелските оператори со пиратерија да задржат што повеќе корисници во услови кога на пазарот се јавија сериозни компании што донесоа конкуренција.

„Хаосот е создаден поради тоа што неподготвени ја дочекаа конкуренцијата. Онаа навика само да се земаат парите од претплатата, а да не се вложува ниту во плаќање на авторски права ниту во осовременување на системите кои што ги имаат, сега им се удира од глава на самите оператори. Во таа паника кој што ја спомнав, а тие се обидуваат сега бидејќи не можат со квалитет, цени и технологија се обидуваат со пиратирање некако да опстанат во ова игра“, вели Зоран Стефаноски, претседател на советот за радиодифузија.

Советот за радиодифузија досега поднел стотици налози за исклучување на одредени програми од пакетите на кабелските оператори за кои не се платени авторски права, поднесени се и голем број прекршочни пријави, дел од нив се платени, а дел застаруваат по судовите.

„Тешко е навистина имаме 50-тина оператори, тешко е насекаде да се стигне и обично ние во текот на денот може да правиме мониторинг, тие обично навечер ги пуштаат, ги вклучуваат ги исклучуваат, хаос владее“, додаде Зоран Стефаноски, претседател на советот за радиодифузија.

Граѓаните подолго време се жалат дека кабелските оператори им нудат содржини со слаб квалитет, странски тв канали без превод програми кои ги менуваат од ден на ден без образложение и консултација со корисниците.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Хаос во секторот кабелска телевизија [02.03.2010]

  Најнови вести од Економија 
• Нов септемвриски бран поскапувања [02.09.2010]
• Бирократскиот хаос ги брка инвеститорите [02.09.2010]
• Протест на работниците во Македонски железници - транспорт [01.09.2010]
• Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија? [01.09.2010]
• Синдикалната битка спуштена на најниско ниво [01.09.2010]
• Угостителските објекти со пократко работно време [01.09.2010]
• Во светот инвестиција, во Македонија само накит [31.08.2010]
• Работното време на угостителските објекти се скратува за еден час [31.08.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk