„ЕЛЕМ“, инвестира 2,2 милиони евра во диспечерски центар
03.03.2010 16:18
 | | Влатко Чинговски | | | |
Ад „ЕЛЕМ“, инвестира 2,2 милиони евра за инсталација на управувачки диспечерски центар, што треба да обезбеди прецизно планирање и регулација на термо и хидро-електраните при производството на струја. Инвестицијата според „ЕЛЕМ“, треба да овозможи целосно прилагодување на компанијата на пазарните принципи на работа. „Започнува со работа новиот диспечерски центар за планирање, за координирање и управување со производството на електрична енергија во електрани на РМ, лоциран тука во дирекцијата на електрани на Македонија. Проект вреден 2,2 милиони евра, сопствена инвестиција на компанијата“, вели Влатко Чинговски.
|