Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Европските пари далеку колку и европската култура

Александра Бубевска Коментари (0)   
03.03.2010 14:27
 
 

Европските пари се далеку колку и европската култура. Иако фондовите на ЕУ се достапни за сите културни институции, исклучително мал дел од нив досега знаат и ги користат овие пари.

Денеска, Секретеријатот за европски прашања и гостите на „Hopmak“ проектот од програмата за култура на Европската заедница и Министерството за култура, ги учеа македонските културни дејци како да подготват проект што ќе стигне до европските фондови.

„Приближување кон европското семејство и реализирање на проектите поддржани од програма култура, се невозможни без стратегија за долгорочна меѓународна соработка на самите институции и организации“, вели Драган Недељковиќ, заменик министер за култура

Биеналето на млади уметници од Европа и Медитеранот што се одржа минатата година во Скопје, прв пат во земја што не е членка на ЕУ, досега е единствениот проект во кој македонските организатори биле главни носители.

„Процесот не е лесен, бара големо време на подготвување на самиот проект и она што е најбитно, бара големо време пронаоѓањето на вистински партнери за проектот“, рече Тања Блажевска, Биенале на млади уметници.

И Драмскиот театар се обидува да стигне до европските пари.

„Ако е еден проект чини околу милион, милион ипол денари, до два милиони, сумата која што сега Драмски театар ја побарува како ко-продуцент е за четири пати помала“, изјави Бранко Ѓорчев, директор на Драмски театар.

Норвешкиот амбасадор во Скопје Кјетил Паулсен, денеска на семинарот рече дека дека неговата земја ја поддржува евроинтегарцијата на Македонија и реформите на тој пат.

Иако не е членка на ЕУ, Норвешка тесно соработува со Унијата во сите сфери вклучувајќи ја и културата и има богато искуство кое може да го сподели со Македонија.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• 5200 голи луѓе се прегрнаа во името на уметноста [01.03.2010]
• Кавадарци - град на културата [23.02.2010]
• Скандалозен избор на песна за Евровизија [21.02.2010]
• Ревитализација на старата Скопска чаршија [17.02.2010]
• Васиќ: Ликовната сцена во Македонија доста раздвижена и побогата [14.02.2010]

  Најнови вести од Македонија 
• Муслиманите го слават Рамазан-Бајрам [09.09.2010]
• Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро [08.09.2010]
• Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија [08.09.2010]
• 19 години самостојна Македонија [08.09.2010]
• Власта не сака професионално и објективно новинарство [08.09.2010]
• Поддршка од Меѓународната и европската федерација на новинари [08.09.2010]
• Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт [08.09.2010]
• „Достоинство“ бара одликувања за бранителите [08.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт
  2. Муслиманите го слават Рамазан-Бајрам
  3. Геј парадата најобезбедуван настан во Србија
  4. Кастро: Економскиот модел на Куба не функционира
  5. Не можевме ниту со Ерменија
  6. Два астероиди ќе поминат покрај Земјата
  7. Три месеци малтретирани и тепани од нивни сожители
  8. Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија
  9. Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро
  10. ОН ќе расправа за српската резолуција за Косово
  1. Не можевме ниту со Ерменија
  2. Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт
  3. Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија
  4. Три месеци малтретирани и тепани од нивни сожители
  5. Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро
  6. Убиство во Студеничани
  7. Власта не сака професионално и објективно новинарство
  8. 19 години самостојна Македонија
  9. Има ли поврзаност меѓу полицијата и франкфуртската мафија?
  10. Надал во четвртфинале на УС Опен
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk