Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Стечајците на протест пред Владата

Сашка Цветковска Коментари (34)   
02.03.2010 10:29
 
 

Луто и жестоко реагираат стечајците откако нивните претставници им соопштија дека премиерот нема намера да ги решава нивните проблеми. На денешниот генерален штрајк пред владата премиерот Груевски и вицепремиерот Ставревски ги примија стечајците, но во разговорите го кажаа тоа што тие не сакаа да го слушнат.

„Дефинитивен одговор дадоа дека за овие луѓе не можат да го решат прашањето. Не можат да го решат и тоа бевме упорни, барем да прифатат дел за решавање меѓутоа очигледно е дека немаме предвидено во програмата што ветиле на изборите, сега како не можат да го решат ова прашање на стечајците“ изјави Драги Јовановски, ССМ.

„Следниот вторник нема да сме вака мирни по радикални чекори и ќе биде или каменување или со јајца мавање кон владата“ рече Љиљана Георгиевска, стечаец.

Туркањето на оградите пред владата и фрлањето јајца велат стечајците е нивна порака до власта дека не се откажуваат оти немаат што да загубат.

„Јас сум првиот што ќе замине во странство, утре ако не го решат одма ќе одам за Белгија“ вели стечаец.

„Кај да одам 5 члена одржувам. Струја, вода треба ли да се плати, треба ли да јадеме“ додаде стечаец.

Со поддршка за стечајците пред владата на РМ дојдоа и претседателот од Обединети за Македонија Љубе Бошковски и пратеникот Марјан Николовски од СДСМ.

„Цврсто стојам зад стечајците им ветувам им гарантирам дека вашите проблеми ќе бидат решени“, вели Љубе Бошковски.

„Наместо владата секој ден да измислува колку нови споменици ќе направи и какви нови мегаломански проекти ќе измисли, да скрати од тие споменици и проекти да најде пари во буџетот и да го реши проблемот на овие граѓани кои што се овде“, изјави Марјан Николовски, СДСМ.

Барањата на стечајците од целата земја кои веќе 3 месеци протестираат во Куманово, остануваат исти, 100 евра месечен додаток до пензија за мажи над 53 години и жени над 50 со минимум 15 години стаж.

Штрајкот во Куманово продолжува, а секој вторник стечајците ќе доаѓаат пред владата.

ВМРО-ДПМНЕ: Иронично е што СДСМ бара решение за стечајците

Иронично е што СДСМ, партијата која избрка од работа над 230.000 луѓе и затвори над 154 големи фирми и фабрики во периодот на криминалната транзиција.

Сега се обидува да нуди наводни решенија вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Бичиклиски во реакцијата на барањето на СДСМ владата да го реши статусот на стечајците кои денеска протестираа пред владината зграда.

Граѓаните имаат свое достоинство, и тие не забораваат дека во периодот на владеењето на СДСМ беше упропастена македонската економија и беа злоупотребени 4.600.000.000 евра.

Нема крај на политичкото лицемерие на СДСМ, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Селмани: Пари за стечајците мора да има [27.02.2010]
• Црвенковски им призна на стечајците - виновен сум [21.02.2010]
• Стечајците ќе протестираат пред Влада [14.02.2010]
• Нови измени во законот за трговски друштва [02.02.2010]
• Стотина стечајци втор месец штрајкуваат со глад [09.01.2010]

  Најнови вести од Македонија 
• Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро [08.09.2010]
• Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија [08.09.2010]
• 19 години самостојна Македонија [08.09.2010]
• Власта не сака професионално и објективно новинарство [08.09.2010]
• Поддршка од Меѓународната и европската федерација на новинари [08.09.2010]
• Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт [08.09.2010]
• „Достоинство“ бара одликувања за бранителите [08.09.2010]
• Меѓународниот фестивал „Ристо Шишков“ по 18-ти пат [08.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт
  2. Убиство во Студеничани
  3. Три месеци малтретирани и тепани од нивни сожители
  4. Не можевме ниту со Ерменија
  5. Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија
  6. Два астероиди ќе поминат покрај Земјата
  7. 19 години самостојна Македонија
  8. Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро
  9. Србија во мундијалското полуфинале
  10. Несреќа на работно место: Го скршил пенисот додека снимал порно филм
  1. Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт
  2. Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија
  3. Не можевме ниту со Ерменија
  4. Убиство во Студеничани
  5. Три месеци малтретирани и тепани од нивни сожители
  6. Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро
  7. Власта не сака професионално и објективно новинарство
  8. Уапсен убиецот на кичевчанката Крстеска
  9. 19 години самостојна Македонија
  10. Има ли поврзаност меѓу полицијата и франкфуртската мафија?
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk