Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Хамарберг: Македонците во Бугарија загрозени

Коментари (5)   
09.02.2010 12:51
 
 

Бугарските власти да воспостават отворен, искрен и системски дијалог со претставниците на малцинствата, вклучувајќи го и македонското, во согласност со стандардите на Советот на Европа.

Ова во извештај за Бугарија објавен денеска го препорачува Комесарот за малцински права на Советот на Европа, Томас Хамарберг.

Тој констатира дека поради неможноста да се регистрира партијата ОМО Пирин - ПИРИН пред бугарските судови, загрозена е можноста за слободно организирање на граѓаните по етничка основа.

Хамарберг во извештајот ги наведува сите досегашни забрани за регистрација на партијата пред бугарските судови, вклучувајќи ја и последната на Касацискиот Суд во Софија од мај 2009-та година, кога беше потврдена одлуката на првостепениот суд да не ја регистрира партијата.

Тој ги набројува и неколкукратното непочитување на одлуки на Судот за човекови права во Стразбур во однос на регистрацијата на партијата на Македонците.

Хамарберг повика на отворен дијалог меѓу бугарските власти и малцинските групи, со цел соодветна примена на стандардите на Советот на Европа.

Како загрозени етнички групи, покрај македонската, Хамарберг во извештајот ги наведува Ромите, Турците, Помаците.

Особено се нагласуваат суб-стандардните услови во кои живее ромската популација. Тој повика и на подобрување на заштитата на првата на децата, како и на условите во образовниот систем.

Copyright 2010 makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Затвор за грчки новинари, го навредиле Воскопулос [28.01.2010]
• Македонските иселеници против промена на името [17.12.2009]
• Австралија не би усвоила резолуција за признавање на името [11.12.2009]
• Борисов - Македонците и Бугарите се братски народи [16.11.2009]
• Прванов: Позицијата на Груевски израз на територијални претензии [29.10.2009]

  Најнови вести од Македонија 
• Момче се удави во водите на Охридското Езеро [31.07.2010]
• Рамковски: Албанците да престанат да бидат декор на политичката сцена [31.07.2010]
• Тепачка на скопскиот базен „Бисер“ [31.07.2010]
• Заврши натпреварувачкиот дел на фестивалот на Античка драма - Стоби [31.07.2010]
• Охридските бродови револтирани од пратениците [31.07.2010]
• Струмица без пречистителна станица [31.07.2010]
• Основан е Национален ургентен центар за траума [31.07.2010]
• „Ќе се фокусираме на работи кои од Брисел се оценети како слабост“ [31.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  3. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  9. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  10. Отфрлена интерпелацијата за министерката Јанкуловска
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  8. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk