Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Економија  

ЕИБ: Не можеме да ја спасиме Грција

Коментари (10)   
09.02.2010 12:43
 
 

Европската инвестициска банка (ЕИБ), која е главниот кредитор на ЕУ, денеска соопшти дека не може да ја спасува Грција или која и да е друга европска земја која не може да ги плаќа своите долгови, пренесоа американските медиуми.

ЕИБ во денешното коминике забележа дека може „да ги финансира само економски надежните проекти“ и дека нејзините правила не и дозволуваат да и помага на европска членка за да го покрива својот буџетски дефицит.

Банката се спогодува со владите на земјите од ЕУ да ги финансира истражувањата во областа на енергетски ефективни автомобили или инфраструктурни проекти за посиромашните членки на ЕУ.

ЕИБ годинава ќе додели 75 милијарди евра, дополнуваат агенциите.

Економист на „Дојче банк“ бара вонредна помош на ЕУ за Грција

Томас Мајер, главниот економист на „Дојче банк“, која е најголема банка во земјата, изјавува денеска за весникот “Билд“, дека ЕУ би требало, како вонредна мерка „да стори се, за да ја стабилизира Грција и еврото“.

„Притисокот врз еврото се зголемува. ЕУ сега треба да направи се за да ја стабилизира Грција и еврото, но под услови дека Грција ќе ги вложи сите напори од своја страна“, истакнува Мајер.

„Помошта за Грција треба да остане исклучок, затоа што во спротивен случај Монетарната унија може да биде загрозена од сериозна криза“, додава главниот економист на „Дојче банк“.

Лидерите на држави и влади на 27-члената Унија се очекува да се соберат на 11 февруари на средба во Брисел, а прашањето со катастрофалната состојба на грчкиот буџет ќе биде една од главните теми.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Грција сее страв од расцеп на еврозоната [08.02.2010]
• Над 100 камиони заглавени во меѓуграничен простор [05.02.2010]
• 48 часa штрајк на грчките цариници [04.02.2010]
• Вестервеле: Грција може да ја надмине кризата [01.02.2010]
• Грција нема да ја напушти еврозоната [25.01.2010]

  Најнови вести од Економија 
• Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите [31.07.2010]
• Македонија и Бугарија заедно ќе лобираат за изградба на железничката пруга [30.07.2010]
• Парното поскапува за 14, 98% [29.07.2010]
• Дефект во РЕК Битола [29.07.2010]
• Владата и ЕВН се смирија за да се договорат [28.07.2010]
• Личните податоци на македонски граѓани се селат во странство [28.07.2010]
• Парното поскапува за едни 10, а за други 40 % [28.07.2010]
• Банките стануваат бази за податоци на своите клиенти [27.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  3. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  9. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  10. Отфрлена интерпелацијата за министерката Јанкуловска
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  8. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk