Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Кучан: Недемократски молк на ЕУ кон Македонија

Коментари (10)   
09.02.2010 12:31
Милан Кучан
 

Европската демократска елита молчи пред несфатливото барање на Грција, Македонците да се откажат од националниот идентитет.

Oваа досега најостра забелешка за однесувањето на членките на ЕУ поранешниот претседател на Словенија Милан Кучан ја упати во обраќањето по повод одбележувањето на денот на словенечката култура, синоќа во Нова Горица.

Како што јави агенцијата СТА, Кучан притоа поопширно зборуваше за улогата на јазикот и културата во историјата на Словенија и Словенците како клучни фактори за зачувување на името и територијата пред посегањата на соседните држави.

„Македонците денеска се принудени цврсто да инсистираат на културата, јазикот и името, кои што им ги оспоруваат Грците со несфатливото барање да се откажат од националниот идентитет, ако сакаат да минат преку прагот на европската интеграција“ оцени Кучан.

Пред ова несфатливо барање „молчи целокупната европска демократска елита“ концентрирана во Европската унија, додаде поранешниот словенечки претседател.

„Молчеше и Словенија“, самокритично рече Милан Кучан, без оглед на историското искуство кога „кон нашето име, јазик, култура и територија, посегнуваа соседите“.

Празникот на Словенечката култура, посветен на големиот поет Франце Прешерн, вчера беше одбележан во Словенија. Празникот е одбележан синоќа и во Скопје со свеченост што ја организираа Амбасадата на Словенија и Словенечкото друштво „Франце Прешерн“.

Copyright 2010 makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Нимиц во Скопје на 23 февруари [09.02.2010]
• Се бара заеднички прифатлив термин за посетата на Нимиц [08.02.2010]
• Европратеници: Флексибилност за да има решение за името [07.02.2010]
• Прво решение за името, потоа опсег за употреба [06.02.2010]
• Наскоро можен напредок во преговорите за името [05.02.2010]

  Дополнителни информации 
• Како се појавија „разликите околу името“ [21.01.2008]
• „Вашингтон Тајмс“: Македонија инспирира конфликти со години [26.10.2005]
• Дел од фактите за македонско-грчките односи [04.11.2004]

  Најнови вести од Македонија 
• Момче се удави во водите на Охридското Езеро [31.07.2010]
• Рамковски: Албанците да престанат да бидат декор на политичката сцена [31.07.2010]
• Тепачка на скопскиот базен „Бисер“ [31.07.2010]
• Заврши натпреварувачкиот дел на фестивалот на Античка драма - Стоби [31.07.2010]
• Охридските бродови револтирани од пратениците [31.07.2010]
• Струмица без пречистителна станица [31.07.2010]
• Основан е Национален ургентен центар за траума [31.07.2010]
• „Ќе се фокусираме на работи кои од Брисел се оценети како слабост“ [31.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  9. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  10. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  8. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk