Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Економија  

Јавниот превоз и улиците во мизерна состојба

Наташа Стојановска Коментари (5)   
08.02.2010 20:03
 
 

Црвениот сјај одамна го нема, автобусите стари и по неколку децении, се уште превезуваат патници. Дефектите се почести.

„Особено навечер ептен ретки се. Автобусите се расипуваат по патиштата“, велат незадоволните граѓани.

ЈСП е заглавено во долгови, 8 милиони евра неплатени даноци.

„На неколку линии имаме стварно незадоволни граѓани. Во моментов правиме анализа и веќе од понеделник, ќе почнат овие автобуси да се обраќаат нормално“, изјави Мишо Николов, директор на ЈСП.

Не се подобри ниту улиците. Дупки и крпеници. Јавните претпријатија задолжени за инфраструктура кумулираат долгови.

Во железницата, како да нема пари ниту за елементарна хигиена.

„Чисто е кога сум јас тука, чим си одам прљаво е се“, рече хигиеничарот од железничката.

„Мизерија е внатре, ова во Индија го нема“, додаде граѓанин.

Гужви по шалтерите. Граѓаните на суд за неплатени сметки. Заедно со фирмите на водовод му должат 27 милиони евра.

Менаџментот вели финансиската дисциплина е средена, нема загуби.

„Во изминатиов период почнавме еден друг проект, каде што мислиме дека во догледно време овој проблем ќе се реши, преку воведување на водомери со далечинско очитување“, вели Игор Арнаудов, директор на водовод.

Бројот на вработените во комуналните претпријатија расте но растат и долговите, сликата останува иста.

За лошите резултати, менаџерите не одговараат.

„Јас би сакал да видам во Р. Македонија, менаџер на ЈП кој самиот ќе си поднесе оставка заради лошите економски резултати“, рече Леонид Наков.

„Па нема одговорност затоа што, едните со другите се покриваме во политиката“, изјави Ристо Пенов.

Koj се раководи со Јавните претпријатија, во ревизорскиот извештајот за водовод од Богданци, покрај нерегуларностите, стои и дека повеќе години како вд директор е лице без соодветно образование. Од вакви причини и услугите за граѓаните ќе бидат далеку од европските се додека не се оттргнат од партизација.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Се набавуваат автобуси од бизнисмен со контроверзно минато [02.02.2010]
• 84 нови градски автобуси од Киев [29.01.2010]
• Поништена јавната набавка на 202 нови двокатни автобуси [27.11.2009]
• Дончев: Да се поништи тендерот за автобусите [14.07.2009]
• Кинезите извисија - тендерот поништен [12.07.2009]

  Најнови вести од Економија 
• Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите [31.07.2010]
• Македонија и Бугарија заедно ќе лобираат за изградба на железничката пруга [30.07.2010]
• Парното поскапува за 14, 98% [29.07.2010]
• Дефект во РЕК Битола [29.07.2010]
• Владата и ЕВН се смирија за да се договорат [28.07.2010]
• Личните податоци на македонски граѓани се селат во странство [28.07.2010]
• Парното поскапува за едни 10, а за други 40 % [28.07.2010]
• Банките стануваат бази за податоци на своите клиенти [27.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  9. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  10. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  8. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk