СДСМ: Хотелската афера е владин криминал
08.02.2010 19:24
 | | Јани Макрадули | | | |
Тендерот за хотелот бил договорен па распишан. Колку оваа негативна реклама во британскиот Телеграф, ќе ја чини земјава, праша денеска опозициската СДСМ. Пратеникот Јани Макрадули, покажа документ од Централниот регистар во Лондон, според кој фирмата која треба да го гради хотелот нема никаква финансиска или било каква активност. „Фирмата на Никола Груевски и неговите пријатели од Скопје и Лондон е мртва фирма. Во овој случај воопшто не станува збор за наводно лобирање во НАТО, туку за владин криминал и корупција. Стана јасно дека Орце Камчев не е случајно избран да биде контактот и спроведувачот на оваа операција, напротив тој е тука мозокот на бизнис операцијата на фамилијата. Македонија денеска остана и без НАТО и без атрактивно земјиште во центарот на градот“, вели Макрадули. Министерството за транспорт и врски и денеска тврди дека нема ништо спорно со тендерот. За разлика од времето кога СДСМ беа на власт и кога државно земјиште се продаваше во четири очи, на починати лица, без донесени детални урбанистички планови и без јавни наддавања, а земјиште во строгиот центар на Скопје се продаде со непосреден договор во четири очи по цена од 1.500 денари од метар квадратен, земјиштето кое е предмет на неговата прес конференција беше отуѓено по пат на јавно наддавање со седум кратно повисока постигната цена, која изнесува 8.500 денари за метар квадратен. Британски Телеграф викендов објави дека земјиштето било доделено на фирмата ХЛХ Македонија, сопственост на Ендру Фелдман, советникот на лидерот на Конзервативната партија Дејвид Камерун, во замена за поддршката на Британија за НАТО и ЕУ. Посредник во операцијата бил бизнисменот Орце Камчев.
| 1. | Makedonski Lav од Gostivar на 08.02.2010 во 22:37 напиша: |
| niedna afera ne e pogolema od aferata TAT ako se sekavate posebno vie od SDSM, KAJ SE PARITE? VO SHTABOT NA SDSM ? |
| |
| 2. | Jane Kalinovski од Skopje на 09.02.2010 во 14:16 напиша: |
| Kako ne doznav za tenderot. Ke ponudev 9000 denari. Tamu zemjata cini 10-20 pati poveke. |
| |
|