Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

НСДП: Да се потрошат 200 милиони евра за „Скопје 2014“ е лудост

Љубиша Николовски Коментари (8)   
08.02.2010 16:04
Тито Петковски
 

Колку ќе чини проектот Скопје 2014. Прашање на кое засега власта не дава одговор иако во јавноста предизвика бура од реакции и коментари. Вицепремиерот Ставрески и денеска со неопределен став.

„Проектот Скопје 2014 има повеќеслојно значење, социолошко, културно, историско не само за градот Скопје туку и за Р. Македонија. Се разбира дека средствата се обезбедуваат во рамките на можностите на буџетот“, вели Ставрески, вицепремиер на владата на РМ.

Во ситуација кога целата економија во државата се распаѓа, Груевски си замислил свој парк на стравот и ужасот на кој ќе потроши цели 200 милиони евра наши пари, сметаат во СДСМ.

„Во ситуации кога јаболка се тркалаат по улиците, кога млекото се истура по патиштата, кога стечајците, професионалните војници, лозарите и наставниците, не можат крај со крај да сврзат, Груевски се разбудил едно утро и си рекол сакам споменици“, изјави Гордан Георгиев, потпретседател на СДСМ.

Ваквиот однос на власта кон граѓаните Тито Петковски од НСДП го нарече понижувачки.

Зоран Ставрески
 

„Тие и онака потценувачки говорат 00,57 посто од буџетот ќе се потроши за овој проект. Прво дали е така не знаеме, тие не излегоа транспарентно со егзактни цифри, па да кажат толку и толку ќе кошта секој објект, па мора новинарите да ги собираат, но отприлика тоа е така, меѓу 170 и 200 милиони евра“, рече Тито Петковски, претседател на НСДП.

Скопје има и други приоритети смета Петковски, а освен тоа за толку потрошени пари за Скопје треба да се прашаат и другите граѓани на другите градови.

„Комплексот на Груевски, на оваа влада, тој вакуум од 2.500 години да се преслика на плоштадот, мислам дека е апсолутна луда идеја. На државно ниво ако гледаме низ призма 200 милиони евра, тоа се 200 километри современ автопат. Па сега нека одлучи народот дали ни треба да го правиме тоа во Скопје“, додаде Петковски.

Демократската партија на Турците која е владин коалиционен партнер има забелешки на проектот.

„Затоа сакам ова решение да се надополни со автентична реставрација на Старата чаршија, во која што имаме голем број на споменици на културата и коешто барем досега биле предмет на привлекувањето на вниманието на голем број на туристи“, изјави Хасипи од ДПТ.

За Хасипи треба да се најде решение што ќе биде одраз на мултиетничкиот и мултиконфесионален карактер на државата.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• На дел од старите скопјани им се допаѓа „Скопје 2014“ [08.02.2010]
• Муча: Зад нас не стои ниедна политичка партија [07.02.2010]
• Бошкоски: „Скопје 2014“ предизборна кампања на Груевски [07.02.2010]
• Чиј проект е споменикот на Александар Македoнски? [07.02.2010]
• Милевска: Владата е подготвена за нови проекти [06.02.2010]

  Најнови вести од Македонија 
• Момче се удави во водите на Охридското Езеро [31.07.2010]
• Рамковски: Албанците да престанат да бидат декор на политичката сцена [31.07.2010]
• Тепачка на скопскиот базен „Бисер“ [31.07.2010]
• Заврши натпреварувачкиот дел на фестивалот на Античка драма - Стоби [31.07.2010]
• Охридските бродови револтирани од пратениците [31.07.2010]
• Струмица без пречистителна станица [31.07.2010]
• Основан е Национален ургентен центар за траума [31.07.2010]
• „Ќе се фокусираме на работи кои од Брисел се оценети како слабост“ [31.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  3. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  9. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  10. Отфрлена интерпелацијата за министерката Јанкуловска
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  8. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk