Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Економија  

Поголема конкуренција за да поефтинат цените во телефонијата

Александар Момировски Коментари (0)   
07.02.2010 18:17
 
 

Македонија се движи со голема брзина напред на полето на телекомуникациите но најголем проблем овде се скапите услуги, вели за А1 Јос Хуизер, угледен експерт од институтот за развој на телекомуникации „СЦТИ“, кој подолго време работи и го анализира овој сектор на Балканот.

Во време кога побарувачката на услуги во телеком сферата расте тој порачува дека е потребно да се донесе поголема конкуренција, за да паднат цените, услугите да станат достапни за сите граѓани особено во делот на телефонијата.

„Јас сум холанѓанин и ние сме многу чувствителни кога станува збор за цени, би било одлично да има поголема конкуренција, генерално на балканот да се намалат цените со што веднаш ќе се зголеми побарувачката.

-Јас користам скајп и покрај тоа што имам и фиксен и мобилен телефон, но премногу е скапо да се збори во Холандија преку мобилен од овде, роамингот е прескап, искрено користам скајп колку што можам повеќе. Компаниите нема да ги намалат цените ако нема притисок од конкуренцијата и од регулаторните тела“, рече Јос Хуизер, СЦТИ-институт за развој на телекомуникаци.

Ако на Балканот се уште се води битка за клиенти со цени, во западните земји ваквата состојба одамна е надмината нагласува холандскиот експерт. Таму трката за корисници ја добива оној кој има поквалитетна услуга. Телекомуникациските џинови постојано ги модернизираат мрежите, а најновите трендови се насочени кон поголема поддршка на интернетот како алатка на иднината на полето на комуникациите заедно со мобилниот телефон.

„Меѓународните индустрии бараат иновации за да ги зголемат податоците преку постоечките мрежи или да ги сменат мрежите и да го зголемат капацитетот. Станавме мобилни, каде и да си сакаш да си поврзан и за тоа ти треба мобилна мрежа, но на секоја мобилна мрежа и треба фиксна мрежа за да работи.

-Иднината е да се интегрираат услугите, во наредните години интернетот ќе биде двигателот на сите услуги, ќе гледаме телевизија преку компјутерски екран, ќе комуницираме и ќе разменуваме информации преку интернет“, додаде Хуизер.

Со последните достигнувања во Телеком сферата Македонските граѓани ќе можат да се запознаат во април кога во Скопје на едно место ќе се собере Европската телекомуникациска елита.

На втората Балканска конференција организирана од институтот менаџери и претставници од повеќе од 200 компании ќе дебатираат, ќе бараат солуции и ќе го претстават најновото во телекомуникациите.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• АЕК: Телеком да ја намали претплатата за фиксен за фирмите [13.01.2010]
• Ти Мобајл со нова фамилијарна понуда за корисниците [09.12.2009]
• Со пари на „Телеком“ се богателе владини поединци? [04.12.2009]
• 24 милиони евра проневериле бившите директори на Телеком [03.12.2009]
• АЕК ќе ги пребројува корисниците преку активни броеви [22.10.2009]

  Најнови вести од Економија 
• Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите [31.07.2010]
• Македонија и Бугарија заедно ќе лобираат за изградба на железничката пруга [30.07.2010]
• Парното поскапува за 14, 98% [29.07.2010]
• Дефект во РЕК Битола [29.07.2010]
• Владата и ЕВН се смирија за да се договорат [28.07.2010]
• Личните податоци на македонски граѓани се селат во странство [28.07.2010]
• Парното поскапува за едни 10, а за други 40 % [28.07.2010]
• Банките стануваат бази за податоци на своите клиенти [27.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  9. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  10. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  8. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk