Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Економија  

Во Врање на пушење цигари

Мишко Иванов Коментари (45)   
07.02.2010 17:50
 
 

На пушење во Врање, Србија. Во потрага по либерлана кафеанска атмосфера Македонците пушачи се подготвени да ја поминат границата и парите за провод да ги потрошат, на пример овде. Во Врање.

И жителите од Врање приметиле дека во последно време, градот како да им е окупиран од нашинци.

„Овие денови забележувам дека се почесто доаѓаат Македонци. Веројатно ноќниот живот е подобар, можеби и поради забраната за пушење, знаеме дека сега во Македонија е забрането пушењето“.

„Да, и јас имам забележано, во последно време навистина доаѓаат Македонци. Обично тоа го прават за викендите“, велат граѓаните на Врање.

Влеговме и во кафулињата, рестораните, да провериме дали навистина, дел од Македонците, особено скопјани и кумановчани доаѓаат во Врање на викенд или пак на ноќни журки.

„Имаме наши муштерии од Македонија овде во Врање. Доаѓаат, претходно се јавуваат и резервираат. Обично доаѓаат цели друштва, шест до осум луѓе“, вели Саша Алексиќ, менаџер на ресторан.

 
 

Пред да влеземе во оваа кафеана, една екипа Македонци само што заминале. Беше петок навечер.

„Се случува за викендот да дојдат гости од Македонија, за ручек или вечера. Не е чудно со оглед дека сме близу. А во последно време се забележува дека се почесто доаѓаат Македонците. Па, во Врање е дозволено пушење цигари во рестораните“, рече Александар Николиќ, угостител.

Србија се уште нема воведено целосна забрана за пушење и тие важат за пушачка нација. Ги прашавме што ако властите им забранат?

„Ќе почитуваме, но верувајте, тогаш гарантирам дека 90% од кафулињата овде ќе затворат“.

„Знам дека во Македонија е забрането пушење. Забрана си е забрана и таа мора да се почитува“, изјавија граѓани на Врање.

„Ако донесат таква забрана кај нас, ние ќе реагираме, ќе бараме посебни простории за пушачи и непушачи“, рече Николиќ.

И додека македонските угостители чекаат милост од власта за пофлексибилно законско решение околу забраната за пушење, нивните муштерии, изгледа си најдоа нова дестинација, каде ќе ги трошат парите.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Законот за пушење актуелен и на Фејсбук [31.01.2010]
• Владата не размислува за олабавување на забраната за пушење [27.01.2010]
• Кафеаните отворени, угостителите задоволни од протестот [23.01.2010]
• Со штрајк-брејкери почна штрајкот на угостителите [22.01.2010]
• Угостителите на штрајк - СДСМ бараат измени [21.01.2010]

  Најнови вести од Економија 
• Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите [31.07.2010]
• Македонија и Бугарија заедно ќе лобираат за изградба на железничката пруга [30.07.2010]
• Парното поскапува за 14, 98% [29.07.2010]
• Дефект во РЕК Битола [29.07.2010]
• Владата и ЕВН се смирија за да се договорат [28.07.2010]
• Личните податоци на македонски граѓани се селат во странство [28.07.2010]
• Парното поскапува за едни 10, а за други 40 % [28.07.2010]
• Банките стануваат бази за податоци на своите клиенти [27.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  3. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  9. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  10. Отфрлена интерпелацијата за министерката Јанкуловска
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  8. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk