Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Европратеници: Флексибилност за да има решение за името

Горазд Чомовски Коментари (5)   
07.02.2010 15:46
Јелко Кацин
 

Ако Македонија сака да ја демонстрира својата проевропска ориентација мора да биде подготвена да направи отстапки, порачува Јоханес Свобода.

Пратеник во Европскиот парламент во интервју за бугарската агенција Фокус, оценува дека е можен компромис за името додавајќи дека Брисел требаат да изврши многу по силен притисок врз Скопје и Атина за да се постигне решение за спорот.

Без да навлегува во детали, влијателниот европратеник посочил дека комромисните решенија се толку очигледни и асни за секој набљудувач од надвор.

„За мене лично и за многу други не би требало да имаме проблем со името како пречка и ние мораме да почнеме со преговори со Македонија. Но, секако дека прашањето за името мора да биде решено. Мислам дека ние треба да извршиме многу посилен притисок врз двете страни да постигнат договор“, изјави Свобода, потпретседател на групата на социјалистите во Европскиот парламент.

Создадени се сите предуслови за надминување на спорот со името, Словенечкиот европаретеник Кацин за А1 вели дека одговорноста на лидерите е тие да бидат дел од решението а не дел проблемите.

„Јас би рекол дека Македонија сеуште е стабилна во својата закопана положба која не и користи ниту на Македонија, ниту на регионот, ниту на Грција. Поради тоа мора да се покаже поголема флексибилност, треба Македонија да има храброст и едноставно да направи не само чекор напред, туку прескок во подобрувањето меѓу државните односи и создавање на подобра политичка атмосфера“, рече Јелко Кацин, пратеник во Европски парламент.

И двајцата европски функционери, грчкиот план за интегрирање на целиот регинот до 2014 година го оценуваат како реален но само и ако претходно бидат надминати сите отворени прашања.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Прво решение за името, потоа опсег за употреба [06.02.2010]
• Наскоро можен напредок во преговорите за името [05.02.2010]
• Кумуцакос: Не постои македонско малцинство во Грција [04.02.2010]
• Папандреу до Груевски: За таков состанок се потребни многу подготовки [04.02.2010]
• Груевски оствари телефонски разговор со Папандреу [03.02.2010]

  Дополнителни информации 
• Како се појавија „разликите околу името“ [21.01.2008]
• „Вашингтон Тајмс“: Македонија инспирира конфликти со години [26.10.2005]
• Дел од фактите за македонско-грчките односи [04.11.2004]

  Најнови вести од Македонија 
• Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро [08.09.2010]
• Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија [08.09.2010]
• 19 години самостојна Македонија [08.09.2010]
• Власта не сака професионално и објективно новинарство [08.09.2010]
• Поддршка од Меѓународната и европската федерација на новинари [08.09.2010]
• Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт [08.09.2010]
• „Достоинство“ бара одликувања за бранителите [08.09.2010]
• Меѓународниот фестивал „Ристо Шишков“ по 18-ти пат [08.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Шпиц
   Најчитани    Најгледани  
  1. Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт
  2. Убиство во Студеничани
  3. Три месеци малтретирани и тепани од нивни сожители
  4. Не можевме ниту со Ерменија
  5. Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија
  6. Два астероиди ќе поминат покрај Земјата
  7. Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро
  8. 19 години самостојна Македонија
  9. Србија во мундијалското полуфинале
  10. Несреќа на работно место: Го скршил пенисот додека снимал порно филм
  1. Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт
  2. Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија
  3. Не можевме ниту со Ерменија
  4. Убиство во Студеничани
  5. Три месеци малтретирани и тепани од нивни сожители
  6. Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро
  7. Власта не сака професионално и објективно новинарство
  8. Уапсен убиецот на кичевчанката Крстеска
  9. 19 години самостојна Македонија
  10. Има ли поврзаност меѓу полицијата и франкфуртската мафија?
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk