Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Економија  

Власта ветува станови за млади брачни парови

Наташа Стојановска Коментари (1)   
05.02.2010 18:32
 
 

Поразителните резултати во градежништвото не запираат. Статистика ги обелодени декемвриските податоци. Споредувајќи ги со декември 2008, одобренијата за градба се намалени за 18,5 проценти.

Бројките се уште позагрижувачки, оти изградбата на станови, куки и деловни објекти е падната за 26 проценти. Ова покажува сериозна воздржаност на приватниот сектор. Наспроти овој пад - раст од 79 проценти има кај нискоградбата, односно патиштата.

25-те одобренија го ублажуваат вкупниот пад. Во меѓувреме државата најави продажбата на комерцијалните станови.

„Се однесуваат за млади брачни парови и ќе има категорија самохрани родители. Така што само тој тип на граѓани ќе можат да учествуваат во купувањето на станови“, вели Владимир Бахчовановски, ЈП за станбен и деловен простор.

Метар квадратен чини 760 евра. Цената утврдена со намаленото ДДВ од 18 на пет проценти. Оваа одлука требаше да ги намали цените на становите, но посериозен пад не е забележан. Експертите веќе потенцираа дека ќар ќе имаат само градежниците оти и досега, одбегнувале да го платат данокот од 18 проценти и наместо фирма објектите ги граделе физички лица, кои плаќаат само 3 проценти данок.

Токму и во последните податоци на статистиката, стои дека од вкупно 221 одобренија за високоградба дури 185 ги градат физички лица, а само кај 36 ги градат фирми. Од друга страна пак ниту Јавното станбено претпријатие нема посериозен капцитет за да ја диктира цената на пазарот.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Намалена изградбата на згради и деловни објекти [08.01.2010]
• „Бетон“ ќе ги гради куполите на Собранието [30.12.2009]
• Власта без аргументи во одбрана на конфискацијата на земјиште [24.12.2009]
• „Законот за конфискација - фрапантен“ [24.12.2009]
• Се чека на Уставен за законот за градба [13.12.2009]

  Најнови вести од Економија 
• Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите [31.07.2010]
• Македонија и Бугарија заедно ќе лобираат за изградба на железничката пруга [30.07.2010]
• Парното поскапува за 14, 98% [29.07.2010]
• Дефект во РЕК Битола [29.07.2010]
• Владата и ЕВН се смирија за да се договорат [28.07.2010]
• Личните податоци на македонски граѓани се селат во странство [28.07.2010]
• Парното поскапува за едни 10, а за други 40 % [28.07.2010]
• Банките стануваат бази за податоци на своите клиенти [27.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  9. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  10. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  8. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk