Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Економија  

Евтините авиокомпании и натаму ја заобиколуваат Македонија

Александар Момировски Коментари (6)   
05.02.2010 18:18
 
 

Од Белград до Лондон и до Дортмунд, со авион за само 25 евра. Унгарската нискотарифна авиокомпанија „Виз еир“ објави дека на лето ќе почне со летови на овие атрактивни релации и дека веќе стартувала со продажба на авиобилетите преку интернет.

„Виз ер“ е една од неколкуте компании со кои преговараше и македонската влада за да почне да работи од домашните аеродроми но безуспешно. Евтините авиокомпании и натаму ја заобиколуваат Македонија. Граѓаните патуваат со скапи редовни авиолинии.

„Ако направиме некоја паралела со Софија, Солун, па дури и со Белград, можам да ви кажам редовните цени се поевтини за 20-30 посто, меѓутоа она што ниско буџетните компании го нудат е навистина голема разлика“, изјави Мартин Петковски, туристичка агенција „Пет“.

За да стасаат до европските центри, македонските граѓани плаќаат и по неколку стотини евра за билет. Ова не е случај со останатите држави во регионот каде особено по падот на Шенгенскиот ѕид, навалија нискобуџетните авиокомпании.

Само за пример, според податоците на туристичките агенции, од Приштина за Париз повратен билет со аеродромски такси чини 95 евра, кај нас цената за повратен билет е минимум триста евра.

Граѓаните на Хрватска од Сплит до Амстердам и назад летаат за околу 100 евра. Повратен билет од скопскиот аеродром за Амстердам чини околу 330 евра. Незаинтересираноста на евтините авиокомпании за операции во Македонија воздухопловните власти ја објаснуваат со тврдење дека земјава не е интересна туристичка дестинација.

Експертите велат дека состојбата ја влошуваат погрешната политика на надлежните и високите цени што за аеродромски услуги ги плаќаат авиокомпаниите.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• ЕУ: Македонските граѓани најдобри туристи [20.01.2010]
• Евтините авиокомпании ја избегнуваат Македонија [16.01.2010]
• Се потешко до британска виза [11.01.2010]
• Ендру Ки: Велика Британија голем поддржувач на Македонија [04.01.2010]
• Со стари пасоши не мрдајте од дома [30.12.2009]

  Најнови вести од Економија 
• Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите [31.07.2010]
• Македонија и Бугарија заедно ќе лобираат за изградба на железничката пруга [30.07.2010]
• Парното поскапува за 14, 98% [29.07.2010]
• Дефект во РЕК Битола [29.07.2010]
• Владата и ЕВН се смирија за да се договорат [28.07.2010]
• Личните податоци на македонски граѓани се селат во странство [28.07.2010]
• Парното поскапува за едни 10, а за други 40 % [28.07.2010]
• Банките стануваат бази за податоци на своите клиенти [27.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  9. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  10. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  8. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk