Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Кумуцакос: Не постои македонско малцинство во Грција

Тања Милевска Коментари (27)   
04.02.2010 20:17
 
 

Европратеникот Јоргос Кумуцакос, еден од луѓето кои директно беа инволвирани во букурешките настани, десна рака на дора бакојани во ексклузивно интервју за А1 Телевизија открива - дали Атина може да попушти во спорот за името, каква ќе биде позицијата за јазикот.

Г-не Кумуцакос, дали ги споделувате истите погледи со вашите колеги од АФЕТ и евроамбасадорот во Македонија г. Фуере дека ако спорот со името не се реши, постои опасност за стабилноста на земјата и регионот?

- Прво, важно е да споменеме дека има скорешен позитивен напредок за БЈРМ, во поглед на визната либерализација. Овој позитивен напредок немаше да се случи без согласноста и поддршката на Грција. Сакам да го истакнам ова, затоа што во Скопје понекогаш има обиди да се демонизира Грција и грчкиот народ. Затоа, овој позитивен развој на настаните за луѓето од БЈРМ беше исто така и заради добрата волја на грчката влада. Ова го истакнувам затоа што истото е позитивна порака која сакам да ја испратам до вашата држава.

- Што се однесува до вашето прашање, мислам дека ќе треба да се навратиме на резолуциите на ОН 817 и 845. Според овие резолуции, од фундаментална важност за решението на спорот со името е наведено дека во случај да не го решиме проблемот, тоа може да има негативни последици за регионот.

- Затоа двете страни се согласија на дијалог под раководство на ОН за спорот да се реши. Како што изјавија од Советот за безбедност, нерешавањето на проблемот ќе има негативни реперкусии за стабилноста на регионот. Мораме да го решиме проблемот.

Дали Грција ќе преземе дел од одговорноста ако се случи најлошото сценарио, бидејќи таа ја спречи Македонија да влезе во 2008 во НАТО.

- Грција никогаш не ја спречувала вашата земја да влезе во НАТО. Тоа беше едногласна одлука на највисоко ниво на советот на НАТО. Се разбира, Грција ги изрази нејзините грижи и ставови. Аргументите што ги употребивме го убедија советот на НАТО да донесе едносласна одлука, која беше дека мораме да го решиме проблемот, за вашата земја среќно да продолжи на патот на успех кон НАТО.

- Ако Грција прифатеше Македонија да влезе во НАТО под привременото име БЈРМ, што е член 11 од времената спогодба... Да го цитирам првиот дел... „Грција да не ја блокира втората страна при барањето за членство во мултилатерални организации“. Тогаш, зошто Грција не прифати Македонија да влезе во НАТО под привременото име?

- Добро е што ја споменавте привремената спогодба, зашто таа не се состои само од членот што го споменавте.

Ова е член 11...

- Има повеќе членови. Најважни се оние кои имаат тенденција да создадат позитивна атмосфера меѓу двете земји. Членовите се однесуваат на обврските на владата и други организации да избегнуваат пропаганди, фалсификување на историјата. За жал, за време на владата на Груевски имавме постојани прекршувања на времената спогодба, т.е на овој член кој се однесува на обврската да се избегне непријателска и националистичка пропаганда кон другата страна.

Што значи за вас националистичка и непријателска пропаганда? Преименување на аеродром?

- Демонизирање на Грција. Тоа беше единствената и постојана порака која доаѓа од владата на Груевски. Не од луѓето во државата, но на владата на Груевски тоа и беше постојана цел. Второ, преименувањето на аеродромот. Од почеток беше јасно дека оваа одлука ќе предизвика негативно чувство во Грција. И покрај тоа, наеднаш се донесе таа одлука, па потоа следеше цела низа преименувања на улици, села, меѓународни коридори. Ова луѓето во Брисел и Европа го нарекуваат антиквизација на политиката, европски термин или жаргон измислен во напорот да се окарактеризира политиката на вашата влада.

Што мислите за новата грчка влада? ЕУ е среќна што Папандреу е премиер, имаше многу билетерални средби меѓу двата премиери, има една нова динамика и нови можности. Дали и вие го споделувате истиот ентузијазам?

- Прво, ЕУ не преферира ниту една влада. Второ, мора да соработувате со демократски избраните влади. Нема привилегирани. Се разбира дека постои чувство, дури и во Европскиот Парламент, дека промената на грчката влада може да значи нови можности. Знаете, луѓето можеле да го добијат овој впечаток брз база на 2-3 средби меѓу премиерите Папандреу и Груевски. Тие зборуваа дури и вчера.

- Значи, луѓето имаат впечаток дека ова е почеток на една нова динамика во решавањето на спорот со името. Бидејќи до сега не бевме официјално информирани за содржината на овие средби очи в очи, само претпоставувам дека премиерот Папандреу со овие средби се обидува да ги олесни тековните преговори под покровителство на ОН, а не да ги замени преговорите со овие билетерални средби.

- Значи, ова е напор кон олеснување и со тоа грчката влада уште еднаш покажува добра волја. Но, што треба луѓето сериозно да земат предвид? Тоа е позицијата на владата. Позицијата на владата на Папандреу, што се однесува до спорот со името, воопшто не е променета. Пораката е јасна. Позицијата е национална позиција на Грција, сите партии се согласни дека треба да се најде сложено име со географска придавка која ќе биде употребена во сите случаи. Значи, тоа е грчката национална позиција, или нашата „црвена линија“. Верувајте, ниту една грчка влада нема да ја смени оваа позиција.

20 минутното интервју со Кумуцакос погледнете го во видеото.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Папандреу до Груевски: За таков состанок се потребни многу подготовки [04.02.2010]
• Груевски оствари телефонски разговор со Папандреу [03.02.2010]
• Граѓаните не ја разбираат владината политика за името [03.02.2010]
• Шпанија: Македонија во ЕУ по решение за името [03.02.2010]
• Стуб: Крајно време е сериозно да се навлезе во преговорите за името [02.02.2010]

  Дополнителни информации 
• Како се појавија „разликите околу името“ [21.01.2008]
• „Вашингтон Тајмс“: Македонија инспирира конфликти со години [26.10.2005]
• Дел од фактите за македонско-грчките односи [04.11.2004]

  Најнови вести од Македонија 
• Момче се удави во водите на Охридското Езеро [31.07.2010]
• Рамковски: Албанците да престанат да бидат декор на политичката сцена [31.07.2010]
• Тепачка на скопскиот базен „Бисер“ [31.07.2010]
• Заврши натпреварувачкиот дел на фестивалот на Античка драма - Стоби [31.07.2010]
• Охридските бродови револтирани од пратениците [31.07.2010]
• Струмица без пречистителна станица [31.07.2010]
• Основан е Национален ургентен центар за траума [31.07.2010]
• „Ќе се фокусираме на работи кои од Брисел се оценети како слабост“ [31.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  3. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  9. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  10. Отфрлена интерпелацијата за министерката Јанкуловска
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  8. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk