Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Економија  

Се набавуваат автобуси од бизнисмен со контроверзно минато

Наташа Стојановска Коментари (5)   
02.02.2010 18:48
Игор Чуркин
 

Тајкунот од Украина, Игор Чуркин од каде Македонија купува автобуси, вмешан во серија афери, од матни приватизации па се до шверц на дрога. Вакви информации за Чуркин пред 4 години ги преплавија руските и српските медиуми.

Тајкунот го гонеше Интерпол. Подолго време го следеле неговото движење. Беше уапсен во Белград, на враќање од Јамајка. Се сомничел за криминална приватизација на црноморско бродоградилиште.

Обвинителството во Киев покренало истрага, при што било утврдено дека со помош на лажни документи Чуркин станал сопственик на бродоградилиштето а парите никогаш и не ги уплатил.

Неговото име е врзано и за повеќе афери со дрога. 500 килограми кокаин и марихуана скриени во клима уреди биле запленети на граница. Набрзо по апсењето украинските власти ги повлекоа сите обвинувања против него.

Договорот за продажба на автобуси во Македонија пред два дена беше потпишан во Киев, во присуство на заменик министер за економија како гаранција дека ќе бидат испорачани навреме. Чуркин тогаш изјави дека очекува зделката да не заврши тука.

„За изработка на проект ќе ни треба една година, пола година ќе ни треба за изградба на инфраструктурата, односно на поставување на линијата и уште една година да ги испорачаме сите тролејбуси „Армоника“. Тоа може да се изврши многу побрзо, отколку на пример ако се воведува трамвајска линија“, вели Чуркин.

Чуркин е украинскиот тајкун со руско потекло чие контроверзно минато е исчистено во досието во Киев. Неговата компанија победи на тендерот за купување на 84 автобуси, од кои 15 треба да стигнат во Македонија до први јуни.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• 84 нови градски автобуси од Киев [29.01.2010]
• Поништена јавната набавка на 202 нови двокатни автобуси [27.11.2009]
• Дончев: Да се поништи тендерот за автобусите [14.07.2009]
• Кинезите извисија - тендерот поништен [12.07.2009]
• Дончев: Тендерот за автобусите е наместен [08.07.2009]

  Најнови вести од Економија 
• Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите [31.07.2010]
• Македонија и Бугарија заедно ќе лобираат за изградба на железничката пруга [30.07.2010]
• Парното поскапува за 14, 98% [29.07.2010]
• Дефект во РЕК Битола [29.07.2010]
• Владата и ЕВН се смирија за да се договорат [28.07.2010]
• Личните податоци на македонски граѓани се селат во странство [28.07.2010]
• Парното поскапува за едни 10, а за други 40 % [28.07.2010]
• Банките стануваат бази за податоци на своите клиенти [27.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  9. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  10. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  8. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk