Репортажа: Економската криза во Грција
01.02.2010 18:52
Блокадите со трактори на граничните премини, се прв впечаток дека Грција се соочува со проблеми. Земјоделците протестираат, но не се единствен проблем на Грчката влада. Земјата е пред банкрот. „Парите отидоа, нема пари-нема храна.“ „Економската состојба е тешка, владата кажа многу лаги, бизнисот оди надолу.“ „Економијата е голем проблем, банките не ми даваат пари.“ „Не е фер државата да зема пари од граѓаните со повисоки даноци“, велат анкетираните граѓани. Владата ги зголемува даноците. Грчката влада не забрани да се пушат цигари внатре во локалите, но затоа ги поскапе акцизите и за цигарите и за нивниот национален пијалак, узото. Па така, сега Грците пушат поскапи цигари и пијат поскапо узо. Грчкиот долг го надмина сопственото производство и стана закана за целата евро зона. Јавниот долг е 135% од БДП. „Како што Грција сама ги направила долговите, така ќе мора сама и да ги намали долговите“, изјави европарламентарец. Повеќе од репортажата од Грција погледнете во видеото.
| 1. | Igor од Skopje на 02.02.2010 во 14:15 напиша: |
| Auuuuuuuuuuuuuu, za greota. |
| |
| 2. | Огнен од Виена на 02.02.2010 во 18:26 напиша: |
Конечно и А1 да даде еден објективен извештај за грција. А т.н. „проблем со името“ сега може да се реши. На цела Европа и е преку глава од лагите, манипулациите и интригите на грција (не само во однос на Македонија туку, многу повеќе во однос на лажирањето на нивните статистички податоци), па еден од условите за помош ќе биде да прекинат со малтретирање на Македонија и Македонците. Отворете само Германски или пак Австриски весници на интернет и ќе го видите вистинското расположение на Европа кон грција. Однапред благодарам за објавувањето на коментарот. |
| |
|