Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Обединет опозициски фронт ќе ја руши ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Цаневска Арсовска Коментари (142)   
01.02.2010 11:58
 
 

Со тапан и оро, ордени и црвени рози, некогаш партнерите, а некогаш политичките непријатели ги оставија настрана суетите и тесно партиските интереси и во обединет опозициски фронт ќе ја рушат, како што велат, погубната политика на ВМРО-ДПМНЕ и на Груевски.

Формирањето дочекано со платен оглас во кој се извадени старите напади и навреди на новите партнери.

„Апсолутно не е важно дали Груевски се плаши или не се плаши. Јас знам што ќе се случи на следните парламентарни избори, тој ќе биде поразен“, изјави Бранко Црвенковски, претседател на СДСМ.

Му порачаа на Груевски, транзициони студенти во власта спроведуваат поопасна транзиција на едноумие, диктатура и апсолутизам и создаваат измислени непријатели и предавници. Обвинија, оваа власт систематски ги поткопува темелите за патот кон Европската унија и НАТО.

„Не можеме и не смееме да дозволиме такво хазардерство, да ја испуштиме нашата европска шанса и перспектива на сегашните и идни генерации“, вели Ѓорѓи Оровчанец, Нова Алтернатива.

 
 

Полека но сигурно, велат од опозицискиот фронт оваа власт ќе се делегитимира.

„Ние бараме предвремени избори и тоа најдоцна до 11 октомври, а на 29 ноември ќе формираме Влада, нова, на националниот спас на Македонија“, рече Слободан Угриновски, Титови Леви Сили.

Отворени се за соработка со сите, и со партиите од владината коалиција, освен со ВМРО-ДПМНЕ, разговараат и со сите партии на албанците и во власта и во опозицијата.

Црвенковски нема ни време ни интерес да ги коментира обвинувањето на Манасиевски дека е политички макро, вели имаме позначајни цели. Платформата на опозицискиот фронт, велат е доволно широка рамка за да манифестира здрав патриотизам, политичка одговорност и визија и да ја врати Македонија на вистински пат.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Манасиевски: Црвенковски е политички макро [29.01.2010]
• „Македонија во ЕУ и НАТО, потоа да се реши името“ [29.01.2010]
• Цановски: Не сме разговарале за вклучување во опозицски фронт [26.01.2010]
• ВМРО ДПМНЕ демолирале штаб на Бошкоски? [24.01.2010]
• Кадри на ЛДП се одлеваат во СДСМ [24.01.2010]

  Најнови вести од Македонија 
• Момче се удави во водите на Охридското Езеро [31.07.2010]
• Рамковски: Албанците да престанат да бидат декор на политичката сцена [31.07.2010]
• Тепачка на скопскиот базен „Бисер“ [31.07.2010]
• Заврши натпреварувачкиот дел на фестивалот на Античка драма - Стоби [31.07.2010]
• Охридските бродови револтирани од пратениците [31.07.2010]
• Струмица без пречистителна станица [31.07.2010]
• Основан е Национален ургентен центар за траума [31.07.2010]
• „Ќе се фокусираме на работи кои од Брисел се оценети како слабост“ [31.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  9. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  10. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  8. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk