Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Свет  

Отворено првото легално казино во Русија

Коментари (0)   
31.01.2010 14:03
Москва
 

Првото, и засега, единственото легално казино во Русија е отворено во една од четирите специјално предвидени зони, во јужниот дел од земјата, во покраината Краснодарск.

Казиното „Оракл“ во Азов Сити, јужната коцкарска зона која се простира на повеќе од 20 милиони метри квадратни, вчера - првиот работен ден, го посетиле околу 300 луѓе.

Меѓу нив биле и заменик гувернерот на Краснодарската покраина Алексеј Агафонов и генералниот директор на компанијата „Ројал тајм“, која ја отвори оваа коцкарница, Рашид Таимасов.

Федералниот закон за забрана за работа на коцкарници стапи во сила на 1 јули минатата година.

- „Ројал тајм“ инвестираше во првото казино во Азов Сити, а планира во развојот на оваа дејност во следните три до четири години да вложи од четири до 4,5 милијарди рубљи, изјави Таимасов на свеченото отворање на „Оракл“.

Тој истакна дека првата коцкарница ќе биде централен објект во рамките на комплексот кој ќе содржи и аква парк и други места за забава, како и комфорни сместувачки капацитети.

Изградбата на коцкарници во останатите три зони, на кои од лани оваа дејност е ограничена - во Приморската област на брегот на Тихиот Океан, во Алтајската покраина во Сибир и во Калининград на Балтичко Море - уште не е започната.

По распадот на СССР во 1991 година, работата на коцкарниците рапидно се зголеми, а нивниот годишен обрт е проценет на дури 3,6 милијарди долари.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Рускиот милијардер Лебедев го купува „Индепендент“ [28.01.2010]
• Путин вози Лада со мотор на Опел [26.01.2010]
• Русин преживеал 126 удари со секира [25.01.2010]
• Сакале да увезат месо старо 36 години [11.01.2010]
• Како на разгледница: Путин и Медведев скијаа заедно [05.01.2010]

  Најнови вести од Свет 
• Девет туристи загинаа во автобуска несреќа во Шпанија [08.09.2010]
• 900.000 повредени во поројните дождови во Мексико [08.09.2010]
• Побегнаа 800 затвореници во Нигерија [08.09.2010]
• Полските државни функционери не смеат да се најдат во ист авион [08.09.2010]
• Вечерва почнува еврејската Нова година - Рос Хасана [08.09.2010]
• Саркози не се откажува од реформите [08.09.2010]
• Масакар во фабрика во Хондурас [08.09.2010]
• Нов силен потрес и нови штети на Нов Зеланд [08.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт
  2. Убиство во Студеничани
  3. Три месеци малтретирани и тепани од нивни сожители
  4. Не можевме ниту со Ерменија
  5. Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија
  6. Два астероиди ќе поминат покрај Земјата
  7. Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро
  8. 19 години самостојна Македонија
  9. Србија во мундијалското полуфинале
  10. Несреќа на работно место: Го скршил пенисот додека снимал порно филм
  1. Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт
  2. Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија
  3. Не можевме ниту со Ерменија
  4. Убиство во Студеничани
  5. Три месеци малтретирани и тепани од нивни сожители
  6. Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро
  7. Власта не сака професионално и објективно новинарство
  8. Уапсен убиецот на кичевчанката Крстеска
  9. 19 години самостојна Македонија
  10. Има ли поврзаност меѓу полицијата и франкфуртската мафија?
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk