Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Тодоровиќ: Најтешкото помина - сега имаме пари за споменици

Предраг Петровиќ Коментари (44)   
18.01.2010 16:22
 
 

Со осум камиони од Фиренца во Скопје веќе се пристигнати двата лава и спомениците на Даме Груев и Гоце Делчев. Тоа е првата пратка од 10 милионската зделка со леарницата во Фиренца. За Гоце и Даме се платени 850 илјади евра а за четирите лава близу 2 и пол милиони евра.

Дополнително оваа година владата ќе плаќа уште седум милиони евра за нови споменици со што вкупната сума за споменици ќе достигне 17 милиони евра.

„Имаше малку застој во таа динамика на генерирање средства. Оцени дека кризната 2009., рецесијата ја поминавме не баш така страшно, и донесе одлука да продолжи и со другите предвидени споменици“, изјави Владимир Тодоровиќ, градоначалник на Центар.

 
 

Деловите од спомениците се однесени во халите на МЗТ каде што ќе се склопуваат по што се очекува нивното поставување пред камениот мост и на мостот Гоце Делчев.

„Многу бргу постаментите ќе почнеме да ги правиме. Паралелно додека се прават постаментите не треба многу време, по мене мислам дека тие треба да се изведат во бетон за две-три недели. Облогите нивни се мермерни, можеби уште недела две за разубавување на бетонскиот постамент“, рече Владимир Тодоровиќ, градоначалник на Центар.

Според градоначалникот на Центар, споменикот на Александар Велики ќе биде склопен и поставен во 2011 та година, откако претходно на плоштадот треба да се постави постаментот и четирите лава околу него.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Се држи ли Музејот на ВМРО во тајност? [17.01.2010]
• Нова тура споменици стаса од Фиренца [17.01.2010]
• Дали новите споменици го разубавуваат Скопје? [16.01.2010]
• Кои споменици стасаа во Македонија [16.01.2010]
• Александар или лавовите, кој стаса во Скопје? [15.01.2010]

  Најнови вести од Македонија 
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]
• Прекината наставата во основното училиште во селото Дебреште [02.09.2010]
• 35-то јубилејно издание на фестивалот МОТ [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Време
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk