Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Скандал на хируршките клиники!

Менче Атанасова Точи Коментари (118)   
04.01.2010 19:00
 
 

Скандал на хируршките клиники. Оваа фотографија е направена во текот на новогодишната ноќ. На неа се гледа како две медицински лица се сликаат покрај девојка во бессознание.

На едната фотографија се гледаат насмеаните лица на медицинскиот персонал покрај разголеното беспомошно тело на девојката, а на другата таа е покриена со наметка. фотографиите се поставени на Фејсбук каде се редат коментари за скандалозната фотографија.

Директорот на Ургентниот центар др. Реџеп Селмани потврди дека станува збор за докторка вработена во Ургентниот центар. Најави дека утре ќе го испита случајот.

„Не дозволиво е да се направат фотографии без да навлегувам како се направени, тоа ќе го видиме при испитувањето како се направени, но воопшто не е дозволиво да се направат слики, и уште полошо е да се дистрибуираат слики каде во позадина се гледа пациент и тоа не е законски да се открива пациентот“, вели Реџеп Селмани.

Ја побаравме и докторката која ги поставила фотографиите на Фејсбук, но не беше достапна на нејзиниот мобилен телефон. Шокантните фотографии наидоа на различни коментари. Од зачудувачки, преку сеирџиски до такви кои ги осудуваат.

Еве какви беа коментарите:

-А ова на количката позади вас е жив пациент или кукла е нели?

Еве го одговорот:

Мачко како избегана од тв спот од ТВ Планета беше облечена, во една салфетка од сукња со светликави карнери и едно светликаво боди.

Друг посетител коментира:

-Каква сукњица не можете ни да сонувате, ама признајте кој прв ја примети и запеа.

Го имаше и ова:

-А, она гревот позади на количкава.

Докторката на тоа смеејќи се одговара:

-Таа е фантомот, на неа вежбавме.

Веднаш по потоа следеа и коментари од типот:

-Како не вие срам, каде ви е лекарската етика, што беше тоа лекарска тајна и права на пациентите имате ли дозвола за сликање на госпоѓицата.

Етичкиот комитет на лекарската комора најави расправа. Првичниот впечаток е дека тоа што се случило е недозволиво.

„Независно од тоа што е приватен тој Фејсбук, тоа претставува етички прекршок, без претходно добиена дозвола на пациентката да биде и таа прикажана на Фејсбук заедно со докторите. Од тие причини во секој случај лекарската комора ќе реагира на таквиот настан“, рече проф.др Здравко Чакар, Етички комитет на лекарска комора.

Казните што можат да се изречат се од парични до времено и трајно одземање на лиценцата за работа.

Министерството за здравство изрази згрозеност од фотографиите

Министерството за здравство е згрозено од постапката на медицинскиот персонал, кој очигледно ја злоупотребил положбата на пациентот за свои лични потреби се вели во соопштението што стаса пред малку.

Во таа насока, Министерството веднаш побара од раководството на ургентниот центар да го испита идентитетот на медицинскиот персонал, кој се гледа на фотографиите и веднаш да преземе соодветни мерки и да поведе дисциплинска постапка, во согласност со законските одредби кои го регулираат работниот однос.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Најнови вести од Македонија 
• Ахмети и Реџепи заеднички ифтар [02.09.2010]
• Еден убиен и двајца повредени во скопската населба Аеродром [02.09.2010]
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Време
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk