Фуере, Дар-Мар, Кедев и Митевска - личности за 2009
31.12.2009 19:15
Секое време раѓа свои херои. Македонија може да се гордее со врвни спортисти, уметници, лекари и добри пријатели. Затоа, личностите на годината ги бараме меѓу нив, а не меѓу политичарите. Да се постави македонското знаме на покривот на светот или да се донесе светот под Пелистер - се секако настани што заслужуваат почит. Редакцијата на А1 ги избра луѓето кои со своите дела ја одбележаа 2009. Ерван Фуере - Македонија припаѓа во Европската унија. Вака евроамбасадорот Фуере ги бодреше и граѓаните и политичарите. Неговата поддршка останува и по мај, месецот кога истекува неговиот мандат во Македонија. Дар Мар - Најпознат е по неговиот алтер его, Пецко, кој секојдневно се справува со згодите и незгодите што му ги приредува власта. Годинава ја доби и наградата „Крсте Мисирков“ за животно дело, што ја доделува Фондацијата „Рамковски“. Сашко Кедев - Кардиологот Кедев - третиот Македонец кој успеа да се качи на највисокиот врв на светот Монт Еверест. За себе вели - секој што бил на Еверест се има вратено со огромна доза на трпение и толеранција. Лабина Митевска - кремот на светската кинематографија годинава пристигна под Пелистер. Митевска го врати сјајот и гламурот на фестивалот „Манаки“. 
|