Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Економија  

Кои се економските прогнози за 2010?

Анета Додевска Коментари (3)   
31.12.2009 18:50
 
 

Година на политичко искушение. И втората деценија од 21 век ја почнуваме со стариот проблем - спорот за името. Евроинтеграцијата на Македонија ќе биде клучниот настан од кој ќе зависат останатите политички и економски трендови во земјава.

„Владата живее од денес за утре и така ги води работите коишто најмногу ефект пак, имаат на деловната клима во Македонија“, изјави Јани Макрадули, СДСМ.

„Во Шпанското претседателство да биде на еден начин решено, да се направи чекор напред во овој однос, токму да се изгради оној заеднички став“, вели Флора Кадриу, Нова демократија.

И токму епилогот за идната европеизација на земјава ќе ги диктира останатите политички настани во земјава. Без датум за преговори за членство во Унијата, можен ли е распад на актуелната коалиција? Ќе има ли и во 2010 избори?

 
 

„Начинот на којшто сега тој ги моделира односите со политичките партнери во Владата, мислам дека нема да биде никакво изненадување да има в година избори“, рече Тито Петковски, НСДП.

„Во моментот кога ние ќе оцениме дека ниту еден од тие принципи не функционира, односно не се спроведуваат договорените работи, тогаш ќе треба да преоцениме дали има простор за понатамошна соработка“, рече Ермира Мехмети Деваја, ДУИ.

Од политичката разврска во 2010, неминовно ќе зависи и економскиот курс на Македонија. Владата, според буџетската проекција, предвидува раст на економија, намалување на невработеноста. Што очекуваат министрите?

„Во буџетските проекции се предвидуваат 2% раст, но би рекол одлучувачки фактор ќе биде движењето на секторот за метали“, изјави Владо Пешевски, вицепремиер за економски прашања.

 
 

„Дел од антикризните мерки ќе почнат да ги даваат своите ефекти во наредната година“, истакна Фатмир Бесими, министер за економија.

Штотуку платив рата за кредит, банките во 2009 ги кренаа каматите, Народната банка водеше рестриктивна монетарна политика, банките селективно делеа кредити. Што не очекува во банкарската 2010?

„Ние очекуваме дека 2010 може да донесе значително подобрување во однос на 2009, добро ќе биде доколку постигнеме минимални стапки на стопански растеж“, вели Маја Штериева, директор во „Комерцијална банка“.

„Секој оној клиент кој е здрав, кој има редовни приходи, ќе може да дојде до кредити“, рече Антонио Агрир, НЛБ „Тутунска банка“.

 
 

Во година на големи исчекувања, моите колеги велат дека ќе има за што да се пишува и што да се анализира.

„Би требало да се издвојат трговскиот дефицит, прашањето за странските инвестиции, отпуштањата на вработените во повеќе сектори“, изјави Мирче Јовановски

„Македонија ќе биде исправена пред клучен избор. Не го реши ли спорот со името, ќе има безалтернативна економска криза“, нагласи Александар Чомовски, новинар.

Одбројувањето започнува на 1. јануари, следните 6 месеци ќе бидат одлучувачи и за политичката и за економската перспектива на Македонија, не само во 2010-та, туку и потоа.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Бизнис фаци 2009 [31.12.2009]
• Македонскиот џет-сет полн скандали [31.12.2009]
• 2009 - Година на гафови [31.12.2009]
• Тешка година, но крајот ги краси делата [31.12.2009]
• Обама - револуционерен пресврт на 2009 [31.12.2009]

  Најнови вести од Економија 
• Мицковиќ и Узунов се оградуваат од незаконското работење на Телеком [07.09.2010]
• Владата извиси за 11 милиони евра [07.09.2010]
• По плата со воз кој не бил на поправка четири години [07.09.2010]
• Кој се ги полнеше џебовите со пари од „Телекомот“? [06.09.2010]
• Виси австрискиот грант тежок 1,7 милиони евра [06.09.2010]
• Европска конференција за енергетика [06.09.2010]
• Штрајк на вработените од за шински возила „Колска“ [06.09.2010]
• „Дојче Телеком“ плаќал милионски суми на политичари [05.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Време
   Најчитани    Најгледани  
  1. Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт
  2. Убиство во Студеничани
  3. Три месеци малтретирани и тепани од нивни сожители
  4. Не можевме ниту со Ерменија
  5. Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија
  6. Два астероиди ќе поминат покрај Земјата
  7. Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро
  8. 19 години самостојна Македонија
  9. Србија во мундијалското полуфинале
  10. Несреќа на работно место: Го скршил пенисот додека снимал порно филм
  1. Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт
  2. Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија
  3. Не можевме ниту со Ерменија
  4. Убиство во Студеничани
  5. Три месеци малтретирани и тепани од нивни сожители
  6. Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро
  7. Власта не сака професионално и објективно новинарство
  8. Уапсен убиецот на кичевчанката Крстеска
  9. 19 години самостојна Македонија
  10. Има ли поврзаност меѓу полицијата и франкфуртската мафија?
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk