Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Економија  

Се чека на Уставен за законот за градба

Наташа Стојановска Коментари (1)   
13.12.2009 18:07
Скендер Палоши, сектор за урбанизам на Тетово
 

Новиот закон за градба нема да го реши урбанистичкиот хаос, иако предвидува парични казни за оние што нема да направат фасади и нема навреме да ги изградат објектите.

Луѓето дури и да ги платат казните, фасадите и објектите може да останат недовршени.

„Ќе се платат казните и нема да се довршат фасадите или објектите. Исто така, точно е и тоа дека ако притискате некого да казните, тој ќе направи нешто само да не ја плати казната, меѓутоа не можеме да очекуваме дека тоа ќе биде квалитетно“, вели Скендер Палоши, сектор за урбанизам на Тетово.

„Со овие казни ќе се присилуваат голем број на инвеститори да не почнат да градат се додека не ја комплетираат финансиската конструкција за инвестициите“, рече Руфи Османи, градоначалник на Гостивар.

Ова се толкува како обид да се полни буџетската каса, а не да се решаваат проблемите.

Руфи Османи, градоначалник на Гостивар
 

„За полнење на буџетот да, меѓутоа јас не знам дали законите се носат за да се полни буџетот или за да се стави ред“, истакна Палоши.

Освен за фасадите, законот беше критикуван и за најконтроверзното решение - конфискација на земјиште, член за којшто поскоро ќе треба да се произнесат и уставните судии, оти законот е на сила, а градоначалниците во недоумица.

„Да ги видиме постапките на другите градоначалници како ќе бидат, така што јас не би бил прв во постапките“, изјави Мукрем Мехмеди, градоначалник на Маврово.

Мнозинството градоначалници и од власта и од опозицијата бараат промени и ја чекаат одлуката на Уставниот суд.

Неколкумина сепак најавија дека ќе конфискуваат. Локалната власт во Гостивар го повика министерот Јанакиески сам да почне со конфискација.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Градоначалниците на ДУИ бараат измени во законот за градба [05.12.2009]
• Османи: Владата сама да конфискува имот [04.12.2009]
• Контроверзниот закон за градба падна на терен [26.11.2009]
• ВМРО-ДПМНЕ во одбрана на конфискацијата на земјиштето [24.11.2009]
• Состојбите во градежништвото најлоши во 2009 [17.11.2009]

  Најнови вести од Економија 
• Мицковиќ и Узунов се оградуваат од незаконското работење на Телеком [07.09.2010]
• Владата извиси за 11 милиони евра [07.09.2010]
• По плата со воз кој не бил на поправка четири години [07.09.2010]
• Кој се ги полнеше џебовите со пари од „Телекомот“? [06.09.2010]
• Виси австрискиот грант тежок 1,7 милиони евра [06.09.2010]
• Европска конференција за енергетика [06.09.2010]
• Штрајк на вработените од за шински возила „Колска“ [06.09.2010]
• „Дојче Телеком“ плаќал милионски суми на политичари [05.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Шпиц
   Најчитани    Најгледани  
  1. Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт
  2. Убиство во Студеничани
  3. Три месеци малтретирани и тепани од нивни сожители
  4. Не можевме ниту со Ерменија
  5. Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија
  6. Два астероиди ќе поминат покрај Земјата
  7. Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро
  8. 19 години самостојна Македонија
  9. Србија во мундијалското полуфинале
  10. Несреќа на работно место: Го скршил пенисот додека снимал порно филм
  1. Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт
  2. Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија
  3. Не можевме ниту со Ерменија
  4. Убиство во Студеничани
  5. Три месеци малтретирани и тепани од нивни сожители
  6. Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро
  7. Власта не сака професионално и објективно новинарство
  8. Уапсен убиецот на кичевчанката Крстеска
  9. 19 години самостојна Македонија
  10. Има ли поврзаност меѓу полицијата и франкфуртската мафија?
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk