Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Австралија не би усвоила резолуција за признавање на името

Коментари (13)   
11.12.2009 12:32
Хери Џенкинс, претседател на Претставничкиот дом на Австралија
 

Во Македонија, не нарече Македонци, ни покажа брошура преведена на македонски јазик од Парламентот на австралиската сојузна држава Викторија, но истакна дека Австралија официјално и натаму ќе не нарекува ФИРОМ, а Македонците во Австралија ќе бидат Славомакедонци.

„Се е можно, меѓутоа малку е веројатно“, рече Хери Џенкинс, претседател на Претставничкиот дом на Австралија.

И покрај добрите билатерални односи, малку е веројатно Австралија да го смени ставот за името на Македонија.

„Понекогаш кога од нешто правите проблем, всушност играте во полза на вашиот противник. Секогаш сум заинтересиран за позитивните работи, негативните ги оставам на други, а во едно формално обраќање, сакам само уште еднаш да посочам дека Австралија и посакува се најдобро и голем успех на Македонија во однос на НАТО и ЕУ членството“, вели Џенкинс.

Првиот човек на австралискиот Парламент го потпиша договорот за примање пензии во двете држави.

Македонија одамна ги укина визите за австралиските државјани, но визната бариера за македонските граѓани кои сакаат да патуваат во Австралија, се уште постои.

„Од моја страна беше искажано задоволството за досегашниот тек на одредени права коишто ги уживаат Македонците во Австралија, но сепак беше искажано за одредени прашања коишто треба да се разгледуваат, како што беше во однос на визниот режим кој го имаме со Австралија и во однос на други права“, изјави Трајко Вељаноски, претседател на Собранието на РМ.

Претседателот на Претставничкиот дом на Австралија имаше средби и со координаторите на парламентарните партии и со пратеничката група на Собранието за соработка со австралискиот Парламент.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Борисов - Македонците и Бугарите се братски народи [16.11.2009]
• Прванов: Позицијата на Груевски израз на територијални претензии [29.10.2009]
• Австралиската пензија ќе пристигнува во Македонија [26.10.2009]
• Груевски бара единство од дијаспората [25.10.2009]
• Протести пред бугарскиот конзулат во Скопје [20.10.2009]

  Најнови вести од Македонија 
• Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро [08.09.2010]
• Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија [08.09.2010]
• 19 години самостојна Македонија [08.09.2010]
• Власта не сака професионално и објективно новинарство [08.09.2010]
• Поддршка од Меѓународната и европската федерација на новинари [08.09.2010]
• Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт [08.09.2010]
• „Достоинство“ бара одликувања за бранителите [08.09.2010]
• Меѓународниот фестивал „Ристо Шишков“ по 18-ти пат [08.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт
  2. Убиство во Студеничани
  3. Три месеци малтретирани и тепани од нивни сожители
  4. Не можевме ниту со Ерменија
  5. Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија
  6. Два астероиди ќе поминат покрај Земјата
  7. Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро
  8. 19 години самостојна Македонија
  9. Србија во мундијалското полуфинале
  10. Несреќа на работно место: Го скршил пенисот додека снимал порно филм
  1. Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт
  2. Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија
  3. Не можевме ниту со Ерменија
  4. Убиство во Студеничани
  5. Три месеци малтретирани и тепани од нивни сожители
  6. Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро
  7. Власта не сака професионално и објективно новинарство
  8. Уапсен убиецот на кичевчанката Крстеска
  9. 19 години самостојна Македонија
  10. Има ли поврзаност меѓу полицијата и франкфуртската мафија?
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk