Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Економија  

24 милиони евра проневериле бившите директори на Телеком

Александар Момировски Коментари (5)   
03.12.2009 18:39
 
 

24 милиони евра проневериле поранешни директори на Телеком од 2000 до 2006 година. Овие скандалозни податоци ги објави денеска Маџар Телеком во финалниот извештај изготвен од американската независна куќа Вајт енд Кејс, која некоку години ја водеше истрагата во сите фирми ќерки на унгарскиот телекомуникациски гигант.

во Мактел сомнителни се повеќе од 20 договори за консултантски услуги, лобирања кои ги склучувала помала група на поранешни извршни директори, стои во извештајот. Пари трошеле од посебни фондови но не за тоа што стои во договорите туку за други цели.

Во извештајот се потенцира дека голем дел од договорите се склучени за да се добие посебна регулатива на пазарот и други бенефиции од македонската влада. Истрагата не обезбедила докази за тоа дека пари им се префрлани на владини функционери или на членови на политички партии.

За дел од договорите нема конкретни докази бидејќи е откриено дека бившите директори во телекомот уништувале материјали. Во Македонија веќе е распишана потерница против поранешниот прв човек на мактел Атила Сендреј, екс финансискиот директор Ролф Плати и неколку други менаџери за проневера на 6,7 милиони евра.

Сендреј додека беше во директорската фотеља на телекомот негираше дека тој и неговите најблиски соработници работат незаконски.

„Во овие договори се е апсолутно правно регулирано. Имаме неколку ревизорски куќи коишто ги ревизираа нашите активности, не само на „Телемакедонија“, туку и на „Камени мост“ и најдоа дека се е во согласност со правилата“, изјави во 2003. Атила Сендреј, поранешен директор на Мактел.

Сегашното раководство на Мактел нема коментар за наодите дека нивните претходници работеле криминално и переле пари во телекомот. Во извештајот Маџар Телеком не наведува дали ќе бара одговорност за проневерите од нивните поранешни директори во Македонија и во Црна Гора.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• АЕК ќе ги пребројува корисниците преку активни броеви [22.10.2009]
• Можно спојување на „Македонски Телеком“ и „Т-Мобиле“ [17.09.2009]
• 16.000 корисници се префрлиле кај друг телефонски оператор [01.09.2009]
• T-Mobile воведе тарифен модел за пензионерите [20.08.2009]
• Нова услуга од Телеком [18.08.2009]

  Најнови вести од Економија 
• Мицковиќ и Узунов се оградуваат од незаконското работење на Телеком [07.09.2010]
• Владата извиси за 11 милиони евра [07.09.2010]
• По плата со воз кој не бил на поправка четири години [07.09.2010]
• Кој се ги полнеше џебовите со пари од „Телекомот“? [06.09.2010]
• Виси австрискиот грант тежок 1,7 милиони евра [06.09.2010]
• Европска конференција за енергетика [06.09.2010]
• Штрајк на вработените од за шински возила „Колска“ [06.09.2010]
• „Дојче Телеком“ плаќал милионски суми на политичари [05.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Шпиц
   Најчитани    Најгледани  
  1. Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт
  2. Убиство во Студеничани
  3. Три месеци малтретирани и тепани од нивни сожители
  4. Не можевме ниту со Ерменија
  5. Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија
  6. Два астероиди ќе поминат покрај Земјата
  7. Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро
  8. 19 години самостојна Македонија
  9. Србија во мундијалското полуфинале
  10. Несреќа на работно место: Го скршил пенисот додека снимал порно филм
  1. Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт
  2. Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија
  3. Не можевме ниту со Ерменија
  4. Убиство во Студеничани
  5. Три месеци малтретирани и тепани од нивни сожители
  6. Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро
  7. Власта не сака професионално и објективно новинарство
  8. Уапсен убиецот на кичевчанката Крстеска
  9. 19 години самостојна Македонија
  10. Има ли поврзаност меѓу полицијата и франкфуртската мафија?
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk