Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Груевски го повика членството на мобилизација?

Гоце Михајлоски Коментари (162)   
17.11.2009 19:06
Никола Груевски
 

Целокупното членство, сите партиски структури и поединци, се до последниот човек во месните комитети, да се мобилизира за финална битка со остатокот од македонската транзиција и нејзините политичари.

Писмо со ваков апел до сопартијците, испратил премиерот Никола Груевски, во својство на претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Во него, иако може се насети на кого се однесува, не се наведува ниту едно име.

„Време е за последната битка со политичарите кои зад себе оставија пустош и беда и кои во нашата држава ја донесоа малодушноста, криминалот, лагата и искривените вредности. Време е да ги пресретнеме нивните обиди повторно да ги земат под заложништво македонските граѓани и нашата татковина“, стои во писмото напишано на две страни до кое дојде А1.

Во него, Груевски ги потсетува своите поддржувачи, дека откако се на власт работат посветено, жестоко и храбро за што побрзо да и се стави крај на повеќедецениската мачна транзиција. Вели дека на тој пат се испречила светската економска криза, но дека таа и не е најголемата пречка - тоа било повторното активирање на транзиционите политичари.

„Во претходните политички циклуси тие беа поразени, но не исчезнаа, пишува Груевски и додава - се би било во ред доколку ваквите процеси се во рамките на демократската политичка борба.

-Се би било во ред, доколку денес не се соочуваме со политичка гарнитура на која потребата од власт и е единствена потреба и цел. Ваквата зависност ги прави подготвени за секакви сценарија со кои ќе настојуваат да се дискредитираат сите позитивни придвижувања“, предупредува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партија засега немаат коментар за писмото - со став ќе излезат деновиве. Инаку ваквиот начин на комуникација со граѓаните, а особено со членовите, не е непознат за владејачката партија, откако на нејзино чело е Груевски.

Писмото доаѓа во период по средбата на Црвенковски со Ахмети, и најавите од извори во СДСМ за можен обид за рушење на владата во декември, доколку не добиеме датум за преговори.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• „Демос“ обединета околу идејата за модерна Македонија [12.11.2009]
• Конститутивна седница на дипломатскиот совет на СДСМ [12.11.2009]
• Промовиран институтот ДЕМОС [11.11.2009]
• „ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се две страни на иста паричка“ [11.11.2009]
• Кој стои зад формирањето на невладиниот ДЕМОС? [11.11.2009]

  Најнови вести од Македонија 
• Ахмети и Реџепи заеднички ифтар [02.09.2010]
• Еден убиен и двајца повредени во скопската населба Аеродром [02.09.2010]
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Шпиц
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  9. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  5. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Касарната Илинден од идната година преполовена
  9. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk