Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Борисов - Македонците и Бугарите се братски народи

Гоце Михајлоски Коментари (47)   
16.11.2009 17:48
Груевски - Борисов
 

Поддршката од Бугарија за евроинтеграциите на земјава не е безрезервна. Бугарскиот премиер Бојко Борисов не се закани со вето, но повтори дека Македонија мора да води сметка за добрососедските односи, како еден од главните критериуми за членство во ЕУ и НАТО.

„Бугарија и Македонија освен соседи, се и братски народи, кои треба да се помагаат секогаш кога тоа е потребно. Затоа ние категорично го поддржавме паѓањето на визите за македонските граѓани во ЕУ“, изјави Борисов

„Ние сме две соседни држави. Нормално е понекогаш да се јават по некои проблеми, меѓутоа затоа се тука раководствата кога има потреба за нешто да се разговара и да се надминат тие проблеми“, рече Никола Груевски, премиер на Македонија.

Борисов ја реафирмираше идејата на Софија, за заедничкото славење на историските личности и настани, која пред неколку години доби поддршка од тогашниот премиер Бучковски, но поради отпорот во јавноста никогаш не заживеа.

„Разговаравме со мојот колега и за јазикот на омразата, за тоа и двете земји да се воздржуваат, да коментираат за детали од историјата кои не разделуваат, туку обратното - да бараме начини тие датуми, тие луѓе и настани од нашата историја кои не приближуваат да ги чествуваме заедно“, вели Борисов.

„Во однос на прашањата поврзани со историјата, моето мислење е дека треба да ги оставиме историчарите, а ние како раководства на двете држави да се фокусираме на сегашноста и на иднината, за да не не оптоваруваат работи кои се од 19 и првата половина на 20 век“, изјави Груевски.

Денешната получасовната работна средба во Софија, е прва меѓу Борисов и Груевски, дојде по неколку месечното заладување на меѓудржавните односи, предизвикани од случајот со Спаска Митрова, потонувањето на Илинден, и особено изјавата на Груевски во Австралија за обединувањето на Македонците.

По нив, официјална Софија во неколку наврати се закануваше дека ќе ја преиспита поддршката за евроинтеграциите на земјава - став од кој Борисов денеска ретерираше.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Прванов: Позицијата на Груевски израз на територијални претензии [29.10.2009]
• Австралиската пензија ќе пристигнува во Македонија [26.10.2009]
• Груевски бара единство од дијаспората [25.10.2009]
• Протести пред бугарскиот конзулат во Скопје [20.10.2009]
• Промовирана книгата за Децата бегалци [30.09.2009]

  Најнови вести од Македонија 
• Муслиманите го слават Рамазан-Бајрам [09.09.2010]
• Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро [08.09.2010]
• Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија [08.09.2010]
• 19 години самостојна Македонија [08.09.2010]
• Власта не сака професионално и објективно новинарство [08.09.2010]
• Поддршка од Меѓународната и европската федерација на новинари [08.09.2010]
• Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт [08.09.2010]
• „Достоинство“ бара одликувања за бранителите [08.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт
  2. Муслиманите го слават Рамазан-Бајрам
  3. Геј парадата најобезбедуван настан во Србија
  4. Кастро: Економскиот модел на Куба не функционира
  5. Не можевме ниту со Ерменија
  6. Два астероиди ќе поминат покрај Земјата
  7. Три месеци малтретирани и тепани од нивни сожители
  8. Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија
  9. Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро
  10. ОН ќе расправа за српската резолуција за Косово
  1. Не можевме ниту со Ерменија
  2. Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт
  3. Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија
  4. Три месеци малтретирани и тепани од нивни сожители
  5. Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро
  6. Убиство во Студеничани
  7. Власта не сака професионално и објективно новинарство
  8. 19 години самостојна Македонија
  9. Има ли поврзаност меѓу полицијата и франкфуртската мафија?
  10. Надал во четвртфинале на УС Опен
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk