Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Внимавајте, ве снимаат!

Искра Коровешовска Коментари (6)   
12.09.2009 16:50
 
 

Опомена, намалена плата и во најлош случај бркање од работа. Многумина се нашле во вакви ситуации на работните места оти претпоставениот преку камери монтирани низ канцелариите дознал за направената грешка.

Но апсурдот оди до таму што вашиот директор не само што го следи секој ваш чекор, туку навлегува и ви ја нарушува приватноста.

Еден ваков случај регистрирала и дирекцијата за заштита на личните податоци.

„Еден конкретен пример е со вработени инвалидни лица во пекара, од страна на работодавачите. Дирекцијата ја утврди таа злоупотреба и во моментов се работи на отстранување на таа повреда поради злоупотреба на камерите“, изјави Весна Паунковска од Дирекцијата за заштита на лични податоци.

Под мотото „Стоп за лудилото со надзорот“, годинава се одбележува меѓународниот ден „Слобода наместо страв“ - против злоупотребата на податоците и масовниот надзор.

 
 

Невладиниот сектор апелира, особено до владините институции, да престанат да регистрираат, контролираат и набљудуваат постојано.

Луѓето не се информирани дека се крши нивната приватност и се плашат да реагираат храбро и да си ги бранат правата.

Освен видео надзорот, злоупотреба на приватноста и личните податоци е најчеста преку интернет.

„Пробивање на кориснички профили на социјалните мрежи, менување на податоци и на фотографии“, објаснува Ирина Шумадиева од невладината „Метаморфозис“.

Еден од начините е и користењето на електронските картички, тргувањето преку интернет, т.н. електронска комерција.

„Кражба на картичка и при тоа, за жал, кражба на пин-кодот. Ги копираат податоците од магнетната лента и произведуваат уште една фалсификувана картичка“, смета Игор Давчевски од „Тутунска банка“.

Невниманието и неинформираноста се најголемите непријатели, апелираат познавачите.

Знаејќи го вашиот матичен број и други лични податоци, некој може целосно да го конструира вашиот идентитет и наместо вас да се претставува пред институциите, банките, да подигнува пари, а сето тоа да изгледа како да сте го направиле вие.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Најнови вести од Македонија 
• Момче се удави во водите на Охридското Езеро [31.07.2010]
• Рамковски: Албанците да престанат да бидат декор на политичката сцена [31.07.2010]
• Тепачка на скопскиот базен „Бисер“ [31.07.2010]
• Заврши натпреварувачкиот дел на фестивалот на Античка драма - Стоби [31.07.2010]
• Охридските бродови револтирани од пратениците [31.07.2010]
• Струмица без пречистителна станица [31.07.2010]
• Основан е Национален ургентен центар за траума [31.07.2010]
• „Ќе се фокусираме на работи кои од Брисел се оценети како слабост“ [31.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  3. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  9. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  10. Отфрлена интерпелацијата за министерката Јанкуловска
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  8. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk