Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Преживеан: На бродот имаше два елека за спасување

Миле А. Ристески Коментари (31)   
05.09.2009 16:32
Венета Стаменова
 

Уплашена, изнамоштена и под голем стрес. Приклучена на апарати, средновечната Венета Стаменова, сместена на Хируршкото оделение во охридската болница, сведочи за стравичното потонување на бродот Илинден. Не знае дали нејзиниот сопруг е жив, но проговори пред камерата на А1 само за да ја видат нејзините деца во Бугарија и да знаат дека е жива.

„Се наведна на страна, паднавме и така беше, за неколку секунди, паднавме и почнавме да се спасуваме. Јас го фатив сопругот за кошулата и сите кој како можеше“, вели Стаменова.

Стаменова сведочи дека голем број на глисери и кајчиња пристигнале на помош. Давениците ги ваделе од вода и веднаш им давале прва помош. Со Венета Стаменова во болницата биле донесени уште осум повредени. За една 30-годишна жена немало спас и реанимацијата не помогнала. Останатите се згрижени и вон животна опасност. По дадената помош пуштени се од болницата.

„Во моментов нема опасност по живот за тие шест пациенти коишто беа тука. Пет од нив веќе си отидоа“, рече Милчо Стефановски, хирург.

„На интерното пациентот е во стабилна општа состојба и тој денеска ќе патува со специјален авион за Софија“, изјави др.Сашо Василевски, општа болница Охрид.

Се прават обиди бугарските државјани со специјален лет да бидат вратени во Бугарија. Во Охрид по несреќата пристигнаа бугарските министри за здравство и надворешни работи.

 
 

Бугарската државјанка Јорданка Димитрова, една од преживеаните патници од бродот „Илинден“ што денеска потона во Охридско Езеро вели дека несреќата се случила наеднаш и оти бродот потонал за една секунда.

„Имаше многу луѓе. Млади девојки и повозрасни, а деца немаше. Јас бев во задниот дел од бродот, кој откако се преврте потона за една секунда“, изјави Димитрова.

Таа додаде дека на бродот имало само два елека за спасување, јавува МИА.

Во несреќата според последниот биланс загинати се 15 лица, пет се повредени, тројца се се уште исчезнати, а 50 преживеани. Бродот потона во близина на автокампот „Елешец“.

На бродот во моментот на несреќата имало 54 патници плус три член екипаж патници, повеќето бугарски туристи, иако тој имал дозвола за превоз на максимум 45 лица.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Очевидец: Мртви луѓе лебдеа во езерото [05.09.2009]
• Најголема бродска несреќа во Македонија [05.09.2009]
• Жена загина при судир на глисери во Охридско Езеро [23.08.2009]
• Им нуди ли Охрид безбедно езеро на туристите? [17.07.2009]
• Рибарите го оспоруваат конкурсот за концесија на езерата [29.12.2008]

  Најнови вести од Македонија 
• Ахмети и Реџепи заеднички ифтар [02.09.2010]
• Еден убиен и двајца повредени во скопската населба Аеродром [02.09.2010]
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Шпиц
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  9. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  5. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Касарната Илинден од идната година преполовена
  9. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk