Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Политичко-верските препукувања како основа за меѓуетнички тензии?

Горазд Чомовски Коментари (0)   
13.08.2009 15:53
Граѓаните мора сами да ја донесат одлуката
 

Не против изградба на црква и џамија на плоштадот, невладините организации не се откажуваат од намерата по секоја цената да им докажат на иницијаторите, дека на верските објекти не им е местото на плоштадот.

Едни, за други против, но како и да е, граѓаните мора сами да ја донесат одлуката.

Зошто сте против изградба на црква?

„Заради тоа што тоа е простор на сите. Против изградба сум за било каков објект на плоштадот. Ова е простор на сите, треба да остане широк“.

„Јас сум против градење на верски објекти на плоштадот. Поради тоа што е мултиконфесионална држава.

„Мислам дека убаво би изгледало тука да имаме една црква, каде што ќе можеме сите да се собираме на едно место“, изјавуваат анкетираните граѓани.

Невладините организации „Плоштад слобода“ и „Граѓани за европска Македонија“, очекуваат од општина Центар да постапи разумно и да распише референдум.

„Начинот на којшто сето тоа ни беше презентирано, односно наметнато така арогантно и безобразно, не изреволтирато. Ова е наш плоштад и ние имаме право да кажеме што мислиме и како треба овој плоштад да изгледа“, вели Дамјан Здравев, од невладината „Плоштад Слобода“.

„Мислам дека плоштадот треба да биде јавно место, достапно на сите. Ако биде црква, или џамија или било кој друг објект, којшто нема да биде достапен на сите, тоа нема да биде плоштад Слобода“, вели Жарко Трајановски, од невладината „Граѓани за европска Македонија“.

Може ли овие политичко-верски препукувања да предизвикаат и меѓуетнички тензии, или сепак ќе надвладее разум, и ќе се изнајде некакво компромисно решение.

„Меѓуетнички тензии може да се предизвикаат доколку почне да се гради црква, па потоа почне да се гради, или не се дозволи да се гради џамија, тогаш може. Тогаш овој плоштад може да стане простор на верски судири. И токму тоа сакаме да го спречиме“, изјави Владимир Милчин.

Од невладините велат дека ќе продолжат со собирање на потписи и дека дека демократијата на крајот ќе победи.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Тодоровиќ не знаел дека граѓаните на Центар сакаат референдум [11.08.2009]
• Црквата на плоштад да оди на референдум [07.08.2009]
• Ни Чак Норис нема да спречи изградба на Бурмали џамија [31.07.2009]
• Одложено судењето на студентите што беа физички нападнати [03.07.2009]
• Ќе влезе ли во Урбанистички Бурмали џамија? [02.07.2009]

  Најнови вести од Македонија 
• Ахмети и Реџепи заеднички ифтар [02.09.2010]
• Еден убиен и двајца повредени во скопската населба Аеродром [02.09.2010]
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Време
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  9. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  5. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Касарната Илинден од идната година преполовена
  9. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk