Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Црквата на плоштад да оди на референдум

Сеад Ризвановиќ Коментари (37)   
07.08.2009 12:38
 
 

Референдум за изградба на црквата и џамијата на плоштадот. Ова го бараат невладините „Плоштад Слобода“ и „Граѓани за европска Македонија“ по анкетата спроведена во општината Центар.

Според анкетата, 70 проценти од граѓаните на Општината не сакаат изградба на верски објекти на плоштадот Македонија.

Резултатите од анкетата исто така покажуваат дека 76 проценти од луѓето сакаат да бидат прашани за изградба на верски објекти на плоштадот.

„Јас мислам дека граѓаните сфаќаат дека се работи за голема манипулација, дека се работи за акт на самоволие и за кршење на основните демократски принципи и принципот на владеење на правото“, рече Жарко Трајаноски, „Граѓани за европска Македонија“.

„Прашањето за изградба на верски објекти не е прашање од надлежност на Владата и Премиерот. Самиот Премиер укажа дека е тоа после прашање од надлежност на општина Центар. Ако е тоа прашање од надлежност на општина Центар, зошто воопшто Премиерот се занимавал со тоа прашање“, прашува Трајановски.

Жарко Трајаноски
 

Во општината Центар 98 проценти од граѓаните се со православна вероисповест, од нив речиси три четвртини не поддржуваат изградба на верски објекти на плоштадот.

Никола Наумоски од невладината „Плоштад Слобода“ вели дека според неофицијални информации црквата ќе почне да се гради наскоро.

„Јас лично имам сознанија, секако неофицијални, дека уште во месец август ќе почне да се копа таму за да се дислоцира канализацијата“, изјави Никола Наумоски, НВО „Плоштад Слобода“.

По најавите за изградба на црква од страна на Владата, координативниот одбор за изградба на Бурмали џамијата бара изградба на џамијата која исто така некогаш била на плоштадот.

Од општината Центар ни кажаа дека градоначалникот Тодоровиќ е на одмор, а штом ќе се врати ќе се произнесе дали ја поддржува идејата за одржување на референдум во општината.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Ни Чак Норис нема да спречи изградба на Бурмали џамија [31.07.2009]
• Одложено судењето на студентите што беа физички нападнати [03.07.2009]
• Ќе влезе ли во Урбанистички Бурмали џамија? [02.07.2009]
• Нова демократија бара земјиште за џамијата [30.06.2009]
• Молк во архиепископијата за подарокот - плоштад од Владата [29.06.2009]

  Најнови вести од Македонија 
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]
• Прекината наставата во основното училиште во селото Дебреште [02.09.2010]
• 35-то јубилејно издание на фестивалот МОТ [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk