Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Разрешен првиот обвинител Стерјо Зиков

Миле А. Ристески Коментари (22)   
20.07.2009 16:26
Стерјо Зиков
 

Првиот обвинител на скопското основно обвинителство, Стерјо Зиков, е разрешен од функцијата поради нестручно и несовесно работење.

Советот на обвинители на седница го разреши Зиков, но не соопшти што му зема за грев во неговото работење, кое е оценето како нестручно и несовесно. Тој на местото главен скопски обвинител беше избран во времето на владата на СДСМ, но три години по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, ја извршуваше истата функција. Во телефонски разговор за А1 Зиков вели:

„На Советот на обвинители не му требаат обвинители туку партиски послушници. Во обвинителството нема место за Власите, ова ми го кажа лично Шврговски. Што ќе направам понатаму ќе видам имам една година за размислување.

Покрај Стерјо Зиков за нестручно и несовесно работење сменети се и двајца обвинители од Гевгелија и по еден од Скопје и Штип.

„Јавното обвинителство на Република Македонија при вршењето на контролите над работата на јавните обвинители, утврди дека тие во нивната работа се покажале како несовесни, и нестручно ја вршеле нивната функција“, изјави Елена Гошева, претседател на совет на обвинители.

Советот поради недолично однесување во и надвор од обвинителската функција ги разреши и обвинителот од Крива Паланка, Митко Митровски и Ленче Ставревска од струмичкото обвинителство. Што точно овие двајца направиле повторно претседателот на судот Елена Гошева не обелодени.

Инаку советот на обвинители го продолжи мандатот на вкупно 131 јавен обвинител со траен мандат. Само 15-мина не го минаа филтерот на советот, 10 мина за нестручно работење или недолично однесување, а 5-мина поради пензионирање.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Судските такси поевтинуваат 20 отсто [18.07.2009]
• Маневски ветува реформи и независна судска власт [15.07.2009]
• Разговорите на Груевски со судската власт - политички притисок? [13.07.2009]
• Неделковска претседател на Кривичниот суд [07.07.2009]
• Основниот суд 1 се уште без претседател [02.07.2009]

  Најнови вести од Македонија 
• Момче се удави во водите на Охридското Езеро [31.07.2010]
• Рамковски: Албанците да престанат да бидат декор на политичката сцена [31.07.2010]
• Тепачка на скопскиот базен „Бисер“ [31.07.2010]
• Заврши натпреварувачкиот дел на фестивалот на Античка драма - Стоби [31.07.2010]
• Охридските бродови револтирани од пратениците [31.07.2010]
• Струмица без пречистителна станица [31.07.2010]
• Основан е Национален ургентен центар за траума [31.07.2010]
• „Ќе се фокусираме на работи кои од Брисел се оценети како слабост“ [31.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  9. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  10. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  8. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk