Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Во Македонија нема свински грип

Коментари (1)   
03.07.2009 13:42

Во Македонија засега нема регистриран случај на опасниот грип А H1N1, денеска и официјално на прес конференција потврди министерот за здравство Бујар Османи.

„Референтната лабораторија во Лондон вчера доцна попладне потврди дека во Македонија нема регистриран случај на грипот А H1N1. Останатите пациенти пак кои имаат грип од типот А, добиваат соодветен лекарски третман, добро ја поднесуваат терапијата и се опоравуваат“, појасни Османи.

Директорот на инфективната клиника Ѕвонко Миленковиќ, информираше дека четиригодишното дете од Австралија, што беше на гости во Прилеп, кое воедно беше првиот сомнителен случај, веќе е пуштено на домашно лекување.

Според Миленковиќ, освен тоа дете, вчера од Клиниката за инфективни болести на домашна нега бил пуштен и друг пациент, а во моментов таму се хоспитализирани петмина пациенти, кои се изолирани едни од други и примаат терапија.

Надлежните, како што пренесува Макфакс, денеска информираа и дека на скопскиот аеродром веќе е инсталирана термалната камера, а со неа ќе може да се детектираат сите патници кои имаат покачена телесна температура.

Напливот на нови сомнителни случаи за одговорните е очекувана работа, со оглед на сезоната на годишните одмори, кога има поголема фреквенција на пациенти.

Од тој аспект и понатаму до граѓаните се апелира да ги почитуваат превентивните мерки. Редовно да се мијат рацете, да се избегнува контакт со заболени лица. Доколку имаат симптоми на грип, веднаш да се јават на лекар.

Светската здравствена организација веќе информираше дека пандемијата се шири со умерен интензитет, но за сега не може точно да се предвиди дали и кога таа би можела да ескалира.

Од земјите во регионот, најголем број заразени за сега има во Грција, каде се регистрирани 117 пациенти со грип од типот А(Х1Н1).

Copyright 2009 makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Вакцината против новиот грип бесплатна во Белгија [03.07.2009]
• Симтоми на новиот грип кај туристи во Северна Грција [03.07.2009]
• Детето од Прилеп нема грип А [02.07.2009]
• Србија: Најголем удар на грипот А кон крајот на летото [02.07.2009]
• Нов сомнителен случај од грипот на типот А [01.07.2009]

  Најнови вести од Македонија 
• Момче се удави во водите на Охридското Езеро [31.07.2010]
• Рамковски: Албанците да престанат да бидат декор на политичката сцена [31.07.2010]
• Тепачка на скопскиот базен „Бисер“ [31.07.2010]
• Заврши натпреварувачкиот дел на фестивалот на Античка драма - Стоби [31.07.2010]
• Охридските бродови револтирани од пратениците [31.07.2010]
• Струмица без пречистителна станица [31.07.2010]
• Основан е Национален ургентен центар за траума [31.07.2010]
• „Ќе се фокусираме на работи кои од Брисел се оценети како слабост“ [31.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  9. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  10. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  8. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk