Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Дома си е дома - опаѓа желбата за емиграција

Тања Милевска Коментари (69)   
26.06.2009 18:54
 
 

Само дома си е дома, ова е мотото на се повеќе Македонци. Иако огромен процент од населението е незадоволно со животниот стандард во земјата, сепак значително е намален процентот на Македонци кои имаат желба да ја напуштат татковината.

Ова е заклучокот на последното истражување на „Галуп Монитор“. Ако во 2006 33 отсто од граѓаните сакале да заминат од Македонија, во 2008 бројката опаѓа на 25.

„Мислам дека е незамисливо за сите нив да заминат од својата земја. Кога ќе погледнете на тоа каква е пропорционалноста на луѓето кои прават конкретни подготовки за да одат некаде надвор, тоа беше само 3 проценти, но 17 проценти рекоа дека сакаат да останат дома“, изјави Роберт Манчин, „Галуп Монитор“.

Оваа добра вест пристига на време кога земјите членки покажуваат загриженост од визната либерализација и страв од масовна миграција. Во „Галуп“ се децидни, тој ризик е нереален и визната либерализација мора да се случи.

Меѓутоа, треба да се има на ум и загрижувачкиот податок од ова истражување според кое најнезадоволни се Албанците кои сметаат дека ситуацијата во државата е лоша и допрва ќе се влошува.

Сите овие бројки можат драстично да се променат во втората половина од годинава со последиците од светската економска криза.

„Галуп“ ќе продолжи да ја набљудува ситуацијата и ќе излезе со нов извештај на оваа тема во октомври.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Стотици жртви од граѓанската војна во Грција погребани во Катланово [20.06.2009]
• Иванов: Македонија е горда на својата дијаспора [14.06.2009]
• Одбиена регистрација на ОМО Илинден Пирин [02.06.2009]
• Македонска партија во коалиција со демократите на Бериша [13.05.2009]
• Македонската партија ќе учествува на изборите во Албанија [02.05.2009]

  Најнови вести од Македонија 
• Еден убиен и двајца повредени во скопската населба Аеродром [02.09.2010]
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]
• Прекината наставата во основното училиште во селото Дебреште [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Шпиц
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk